Кремирано телото на Лук Пери , пепелта расфрлана низ неговата фарма

Телото на актерот Лук пери , познат по улогата на Долан во серијата ,,Беверли Хилс 90210”, денеска е кремирано , а пепелта била расфрлана по неговата фарма во Тенеси , каде често престојувал последните 20 години.

Според американските медиуми , последното испраќање на актерот ќе биде организирано за две недели и на него ќе присуствуваат најблиските роднини и пријатели. Лук Пери почина на 4 март , откако претрпе мозочен удар.

Неговите фанови од целиот свет , семејството и пријателите се надеваа дека ќе го преживее ударот , но само по два дена актерот беше исклучен од апаратите. Неговата ненадејна смрт на 52 години ги шокира сите.

Соборен светскиот рекорд- Британец вози велосипед со брзина над 280км/час (ВИДЕО)

Британецот Нил Кембел на авионската писта Елвингтон во северен Јоркшир постави нов светски рекорд во брзо возење велосипед.

Кембел постигна брзина од 280,557 км/час. Со тоа Кембел за 14 километри на час го надмина досегашниот светски рекорд што 24 години го држеше Холанѓанецот Фред Рампелберг , поставен во Солт Лејк Сити , САД.

Велосипедот на Кембел го повлече Порше Кајен пред да почне со сопствена сила да вози по пистата долга 200 метри и ја достигна рекордната брзина.

По соборувањето на рекордот , Британецот најави дека амбиција му е да достигне брзина од 350 километри на час со велосипед.

Само во една земја на светот има повеќе полначи за е-возила отколку бензински пумпи

Бројот на бензински пумпи во светот е во постојан пад , за сметка на полначите за електрични автомобили чиј број вртоглаво расте.

Според последните податоци , уличната инфраструктура на Британија во моментов располага со повеќе локации за полнење електрични автомобили, отколку со пумпи за фосилни горива.
Во 2012 имало само 913 полначи за автомобилски батерии, по една година тој број е двојно зголемен , за во август годинава да бидат регистрирани дури 9199 места за полнење на електрични возила.

Максималниот број на бензински станици во Британија бил достиогнат во 1970 година кога имало 37 539 . Тој број постојано опаѓа , така што во 2005 имало помалку од 10 000 . Во август годинава во функција биле точно 8 396 бензински пумпи .

Производителите на електрични возила знаеле дека ќе дојде до таква ситуација , но предвидувале дека бројот на електрични полначи ќе го надмине оној на бензинските следната, 2020 година.

Сакала да сними селфи со коза , па добила нокаут (ВИДЕО)

Многу луѓе сакаат да се сликаат со животни , но речиси секогаш забораваат да видат дали и животното е расположено за фотографирање.

Тоа на своја кожа го почувствува девојка , која сакаше да се слика со коза. Но , козата имаше други планови.

Во еден момент , кога девојката сакаше да направи совршено селфи со коза, животното се приближи и ја удри со глава по главата и ја нокаутира.  

притисни ентер