Заев и вечерва потврди дека е подготвен за ТВ дуел со Мицкоски во ,,Само вистина”

Премиерот Зоран Заев синока во ,,Само вистина”, но и вечерва во изјава уште еднаш потврди дека е подготвен за дуел со лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Канал 5 следната недела официјално ќе ги контактира двајцата лидери околу можните термини за соочувањето. Заев вечерва рече дека во секое време е подготвен за дуел , освен во деновите кога ќе има службени обврски во странство.

Претходно денеска Мицкоски на Фејсбук напиша дека ја прифаќа синоќешната понуда на Заев за дуел.

-Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата. Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања. Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми – напиша Мицкоски попладнево.

Каракачанов: Владите на Заев и Борисов за две години направија повеќе од сите останати влади за 20 години

Владите на премиерите Зоран Заев и на Бојко Борисов за две години направија повеќе отколку сите останати влади во Скопје и Софија во изминатите дваесет години, изјави денеска во Охрид бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Каракачанов нагласи дека научниците и професорите треба да изнајдат решенија, во насока на унапредување на добрососедските односи и соработката во иднина.

– Македонија во Бугарија има пријател, партнер и фактор што ќе ги поддржи нејзините аспирации за интеграција во ЕУ, рече Каракачанов.

Што се однесува до Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, Каракачанов рече дека таа си ја работи својата работа и работите се одвиваат во вистинска насока.

– Нема што да делиме ние во историјата и да ги дефинираме противречностите меѓу двете држави. Но, тоа е тема која како што е познато има свое влијание и во бугарското и во македонското општество. Ние се разбираме и без преведувач, но тоа прашање сепак бара решение затоа што создава тензии меѓу луѓето. Сметам дека процесот се одвива во вистинска насока и да ги оставиме историчарите да работат на усогласување на ставовите, додаде Каракачанов. /МИА

Прес конференција во СЈО на Катица Јанева

Откако минатиот понеделник даде оставка која коинцидираше со објавувањето на аферата рекет, специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дојде во СЈО.

Таа ќе се обрати  на јавноста на прес конференција на која како што е најавено ќе даде само изјава.

Повеќе во видеото.

И од септември упис во градинки само со уреден вакцинален картон

Родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките мора да достават и уреден вакцинален картон како што е пропишано со законот, дури и да заврши епидемијата на морбили.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека невакцинираните деца не треба да одат во училиште, ниту во градинка бидејќи, како што посочи, индивидуалното добро неможе да биде пред колектоивното.

– За да можеме да ги заштитиме сите деца важно е тие да се вакцинирани и тоа е светска пракса и сметам дека треба да продолжи. Ние како Влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени, истакна Царовска. /МИА

притисни ентер