Како изгледа кога холивудскиот крем ќе заврши зад решетки (ВИДЕО)

До заби вооружени агенти вчера упаднаа во домовите на холивудските ѕвезди поради обид преку мито и фалсификувани документи да си ги запишат децата на престижни универзитети.

Актерката Фелисити Хофман и сопругот на актерката Лори Лафлин, Масимо Џанули се ослободени од притвор со кауција , откако беа уапсени во големиот скандал со даваше мито за запишување на престижни универзитети , заедно со уште 48 богати родители . Ѕвездата на серијата ,,Очајни домаќинки” е пуштена со кауција од 250 000 долари. Се товари дека платила 15 000 долари прикриени во облик на донација за да биде преправен резултатот од тестот на нејзината ќерка за упис на факултет. Така ќерката добила 1420 поени , односно 400 поени повеќе отколку на тестот што го пополнила една година претходно , а требало да послужи за упис на факултет. Во обвинението се наведува дека во измамата учествувал и нејзиниот сопруг , актерот Вилијам Мејси , кој се согласил со планот за да им се помогне при уписот на двете ќерки , 18 годишната Софија и 16 годишната Џорџија. Актерката е снимена како излегува од притворот и избегнува да одговори на прашањата на новинарите.

Фелисити Хофман го предала пасошот во судот , што значи дека има ограничено движење. Во нивниот дом во Холивуд Хилс се појавиле седум агенти на ФБИ во 6 часот наутро , извадиле оружје и им наредиле да се предадат.

Од притвор е пуштен и модниот дизајнер Масимо Џианули , сопруг на актерката Лори Лафлин со кауција од милион долари. Како гаранција , семејството го вложило нивниот дом во Холивуд.

Двајцата мора на 29 март да се појават на суд . Актерката Лори Лафлин исто требало да биде приведена, но за време на акцијата била на снимање во Ванкувер.

Таа денеска се предаде во полицијата во Лос Анџелес. Таа со сопругот платиле половина милион долари за да ги запишат своите ќерки на Универзитетот Јужна Каролина.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер