Денес екс колегата Горан Трпеноски доби пресуда од граѓанскиот суд за тужбата за надомест на нематеријална штета за претрпен страв и душевна болка како и за спреченост на правото за информирање при известувањето од организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, поднесена во функција на новинар на порталот SDK.mk
Да немаме дилема, сите оние кои беа во Собранието на 27 Април МОРА да добијат нематеријална штета за вистински претрпениот страв, но ќе мора да се најде друга основа за исплата на истата. Канал 5 му дава потполна поддршка на колегата Трпеноски, но и на колешките Мрѓа и Стојановска - зарем мора да постоја видливи рани на нивните тела за да правосудниот систем сфати дека многу колеги доживеаја трауми, и за тоа МОРА да добијат било каква сатисфакција.
Но, за жал, а пред се поради неразумноста на ЗНМ во минатото, образложението на судот е 100% точно од причина што порталите не се вметнати во правниот промет на Македонија, особено не во Законите кои се посветени и ги регулираат медиумите па така Законот за Медиумите член 2, во став 1 и став 3, јасно предвидува кој се е медиум:
И се вели:
Став 1. Медиуми се средства за јавно информирање, односно каков било вид на комуникација како весници, магазини, програми на радиото и телевизијата, телетекст и други средства за дневно или периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пишана форма, звук или слика, со цел да се информираат и задоволат културните, образовните и другите потреби на пошироката јавност. Медиуми не се билтени, каталози и други форми на публикации, независно од средството за објавување, наменети исклучиво за огласување, образовниот систем или за деловна коресподенција, за работата на трговските друштва, установите, здруженијата, политичките партии, државните и судските органи, јавните претпријатија, правни лица со јавни овластувања и верските организации. За медиуми не се сметаат и весниците и билтените на образовните институции, “Службен весник на Република Македонија“, публикациите на единиците на локалната самоуправа, плакатите, летоците, проспектите и транспарентите
Став 3: Издавач на медиум е физичко или правно лице кое врши дејност на издавање на печатен медиум, или емитување на радио и телевизиски програми (радиодифузери);
За да ја потсетиме јавноста во 2013 год. кога се носеа двата Закони поврзани за медиумите ( Закон за Медиумите и Законот за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ), најголеми противници за да порталите бидат вметнате во регистарот , а не регулирани во овие горепосочени Закони беа токму ЗНМ и нивните „пријателчиња“ СЕММ и Синдикатот. Притискаа на сите „страни“ само за да не бидат дел од Законската регулатива, нешто што сега им се враќа како „каменот од блиску доаѓа“.
И сега кога судот постапува по словото на Законот, а што наскоро ќе постапи и по словото на законот за една кабелска ТВ која има врска со Кабелски ооператор, судството - не чини!
Затоа, нашата компанија бара промптна оставка од нелегитимниот Претседател на ЗНМ , Младен Чадиковски кој долго време беше и прв човек на информативната редакција на ТВ24, нешто што е етички бесмилсено и беспредметно дури да се спомене а камоли коментира , и директорот на ЗНМ , кој беше и Директор на ова исто „здружение “ во 2013 год. , Драган Секуловски, со цел новинарската фела конечно да се врати во рацете на професионалците, и пред се за да не ни се случуваат вакви формално-правни коректни пресуди, но етички - не.
Соопштението на ЗНМ