Еурактив: Грција прва ќе го ратификува Протоколот за НАТО, на 8 февруари

Европскиот портал Еурактив, повикувајќи се на извори во Грција, јавува дека јужниот сосед цели кон ратификација на пристапниот протокол за НАТО на 8 февруари.

Грција треба да биде првата земја членка на Алијансата што ќе го ратификува членството на Македонија во НАТО, откако на 25 јануари го ратификуваше Преспанскиот договор.

– Грција сака да го ратификува пристапниот протокол на 8 февруари, велат грчки извори за Еуроактив. Информацијата не е потврдена официјално во Атина.

Пред два дена е дадена декларативна согласност од сите земји членки на НАТО за потпишување на овој протокол, но секоја земја членка треба да даде и формално одобрување за потпис на своите амбасадори во седиштето на НАТО. Голем број од нив веќе го добија зеленото светло, но кај други процедурите се покомплексни. Во секој случај, политички проблеми не се очекуваат и до следната недела сите 29 земји би требало да добијат одобрување од домашните влади или парламенти.

Откако ќе биде потпишан протоколот Македонија ќе може да учествува како поканета земја или набљудувач во сите клучни формати на Алијансата.

Во меѓувреме ќе тече процесот на ратификација на членството на нашата земја од страна на 29-те парламенти на државите членки, процес кој е значајно подолг во некои земји, зависно од домашните процедури, како што е во Белгија или Канада.

Според повеќе дипломати во НАТО како и генералниот секретар Јенс Столтенберг, процедурата би траела околу една година, но Еурактив тврди дека доколку земјите сојузнички ги забрзаат процедурите не е исклучено Македонија да стане полноправна членка веќе во јули годинава, кога треба да се одржи и самитот на Алијансата, на кој ќе се одбележува и нејзиниот седумдесетти роденден.

Доколку Грција го ратификува прва пристапниот протокол, таа симболично би била земјата што ќе ги „отвори вратите на НАТО за Северна Македонија", единаесет години откако го блокираше влезот на земјата под привремената референца ПЈРМ. /МИА

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер