СЕЛСКИ МАЗНИК

Потребни состојки:  1 кг. брашно, 1 кг. урда, 3 лажички сол, малку пециво, млака вода и малку масло.

Рецепт на: Анета Димоска

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се додава: малку сол, малку пециво, малку масло, млака вода и се замесува тесто.

Тестото треба добро да се измеси.

Потоа се дели на 5 дела и се формираат топчиња.

Од секое топче со сукало се сука помала кора.

Корите се премачкуваат со масло и се оставаат да отстојат 15 минути.

Секоја кора се тегне и се добива голема тенка кора.

Краевите од кората се отстрануваат со рака.

Кората се попрскува со масло и се реди урда.

Потоа кората се витка и се реди во тепсија премачкана со масло.

Истата постапка се повторува и со останатите кори.

Во едната кора се става паричка.

Мазникот се пече во загреана рерна околу 30 минути.

притисни ентер