Заев најави нова германска инвестиција до крај на месецов

Нови инвестиции, пред се странски, во првиот квартал годинава, очекува премиерот Зоран Заев, а првата, како што изјави денеска, ќе биде германска и веројатно ќе биде објавена до крајот на месецов.

Според Заев, се лобира и за влез на голема инвестиција за која се бара локација во регионот.

На прес-конференција во Владата по вчерашното изгласување на уставните измени за Договорот од Преспа со кој треба да се одблокираат интеграциите на државава во НАТО и ЕУ, Заев рече дека Македонија има јасно трасирана иднина и отворен безбеден пат, како најважен предуслов за кој било странски или домашен инвеститор да донесе одлука за инвестирање.

– Во најави се неколку фабрики – дел ги соопштивме. Јас верувам во јануари, феврури и март дека ќе имаме на објави на инвестиции, пред се, странски. Првата странска германска инвестиција веројатно ќе биде објавена до крајот на јануари додека тие не донесат одлука тоа да го направат. Во разговор утрово со советникот во Кабинетот на канцеларката Меркел и веднаш лобиравме за една огромна инвестиција која што во регионот бара локација  – Македонија, Србија, Бугарија. Се надевам дека ќе успееме да ги привлечеме овде. Канцеларката Меркел сака да помогне на економски план да почувствуваат граѓаните, рече Заев./

Полицијата употреби солзавец во Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг денеска запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Полицијата обвини некои демонстранти дека фрлале молотови коктели по маршот на повеќе од илјада лица во Туен Мун, област во северозападниот дел на градот.

Демонстрантите поминале околу два километри од игралиште до зградата на Владата.

Многу од нив биле облечени во црно и носеле чадори, симбол на нивното движење.

Протестот бил релативно мал во однос на претходните демнострации кои се одржуваат секој викенд од јуни.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

притисни ентер