Според анализата на швајцарскиот институт , првотио место го зазеде младата француска сензација, Килиан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ вреди 218,5 милиони евра, што е речиси 18 повеќе од второпласираниот на листата. Втор е англичанецот Хари Кејн , проценет на 200,3 милиони евра. По голгетерот на Тотенхем , следува соиграчот на Мбапе, Бразилецот Нејмар (197,1 милион евра) , а по него Рахим Стерлинг, Мохамед Салах и Паоло Дибала. Многумина се изненадени со бројката што се појави за Лионел Меси.
Според швајцарскиот Институт , волшебникот на Барселона вреди 171,2 милиони евра и е на седмо место на листата на најскапо платени фудбалери. По него со 10 милиони помалку е Ромелу Лукаку.
Кристијано Роналдо се најде дури на 19 место ос вредност од 127,2 милиони евра.
Меѓу првите 100 најплатени во светот има само еден фудбалер од регионот и тоа играчот на Јувентус , Босанецот Миралем Пјаниќ , кој е позициониран на 90 место.