Протест пред Собранието против уставните измени

Пред Собранието на Република Македонија, истовремено со одржувањето на пленарната седница, се одржува протестот против уставните измени, организиран од „Македонија Блокира".

Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот.

– Ова што се случува во Собранието денеска е класична узурпација на она се што значи македонизам. Пратениците веднаш да го напуштат Собранието. Заев да си поднесе оставка, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на народот, рече Ончев.

Организаторите информираа дека утринава додека се подготвувале за протестот им била исклучена струјата при што биле принудени да купат агрегат. Пред Собранието на булеварот има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување околу Парламентот.

Се подготвува пречек за Тамара на аеродромот Скопје

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud" го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.

Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.

Швајцарците на референдум го прифатија новиот закон за оружје

Жителите на Швајцарија денеска на референдум ги одобрија новите антитерористички мерки на Е вропската унија, со гласање на законот за поседување на оружје.

Според проценките 67 проценти од Швајцарците го прифатиле новиот закон за оружје со кои се заоструваат мерките за поседување на оружје.

Власите ги предупредија гласачите дека со одбивање на овој закон земјата може да се доведе во позиција да биде исклучена од европските договори Шенген и Даблин, со кои е поврзана иако не е членка на Унијата.

Се проценува дека околу 2,3 милиони граѓани на Швајцарија поседуваат оружје, што е околу една третина од жителите на земјата.

Новите заострени мерки се однесуваат на полуавтоматските пушки со големи шаржери и на одредени други врсти на пушки.

Заев: Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го информирал Фишер за последните политички случувања во земјата, односно за успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер во Виена.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го информирал Фишер за последните политички случувања во земјата, односно за успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

-Истовремено, на средбата беше потврдена поддршката која Република Австрија во континуитет и ја дава на нашата држава на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ, се истакнува во соопштението.

Премиерот Заев придружуван од  вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, утре ќе присуствуваат на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија./МИА

притисни ентер