Заев: Амандманите ќе важат само ако Грција ги исполни своите обврски

Собранието на Република Македонија денеска на 64. седница расправа за текстот на нацрт-амандманите на XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев образложувајќи ги амандманите, кои произлегуваат од Договорот од Преспа, рече дека тие ќе бидат инкорпорирани во Уставот само доколку Грција ги изгласа спогодбата и даде поддршка за Протоколот за пристапување во НАТО.

– Доколку Грција не ги иполни своите услови амандманите нема да важат, рече Заев додавајќи дека ова беше побарано од опозицијата и оти денеска повторно споменато од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот повика на инклузивност на процесот и побара пратениците да го поддржат процесот во духот на Договорот од Преспа, следејќи го интересите на граѓаните. Посочи дека оваа и следната година, се клучни за нашите евроинтеграциски процеси и за иднината на државата.

-Сосема е природно и нормално во едно демократско Собрание како што е и нашето да се разликуваме во однос на политички програми што ги застапуваме и сакаме да ги спроведеме. Од друга страна, сосема неприродно е да го претвориме нашето Собрание во форум за непријателско ривалство и несогласување за сметка на интересите на граѓаните и за сметка на иднината на државата и нашето општество, рече Заев.

Кажа дека останува на неговите заложби во име на просперитетот на сите граѓани и на земјата, дека политичките решенија треба да дојдат и од власта и од опозицијата и да се носат одлуки со инклузивност.

– Нашиот Парламент да се претвори во форум во кој низ отворена конструктивна расправа ќе ги исполни надежите и очекувањата на граѓаните, наместо простор на делби, да се претвори во арена за натпревар на идеи за артикулирање на политичката солидарност за иднината на РМ, за благосостојбата на сите нејзини граѓани. Тоа никако не значи дека треба да се занемари или да се оспори плуралистичката природа на нашето Собрание. Апсолутно не, рече премиерот.

Политичката различност и припадност, треба да бидат забрзувачи, мотор, а не, како што рече „кочница за остварување на нашите заеднички стратешки појдовни основи кои секако сите ги споделуваме". Во име на заедничките вредности и влезот во ЕУ и во НАТО, што е заеднички став и на власта и на опозицијата, според премиерот Заев, го иницирале процесот за неопходните измени на Уставот со единствена цел Македонија да биде подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години.

-Тоа е единствената шанса за нашата држава. Изворот не може да биде пораз, успехот не може да биде поизвесен. Големината на овој историски процес треба да ја понесеме сите, рече претседателот на Владата.

Повтори дека во иницијативата за измени на Уставот на РМ согласно Договорот од Преспа нема ништо спорно, а предложените Нацрт-амандмани се во согласност со меѓународното право и со интересите на РМ и нејзините перспективи во евроатлантските интеграции.

Заев реплицираше на опозициските пратеници кои изнесоа критики и забелешки за процесот, што според нив е неуставен и ќе се менува името на државата. Во однос на референдумот, Заев рече дека тој е успешен, но одлуката не е донесена.

Според него, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ветил дека ќе го помогне овој процес.

-Референдумот е успешен одлуката не е донесена. Може ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде утре на власт, што после тоа? Нема друго, туку ќе се донесе истиот договор. Да не ја кочиме Македонија. Мицкоски, вашиот претседател, зборувал насекаде ќе го помогне овој процес, ако не друго затоа што е за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Разбирам дека сме различни, апелирам за конструктивност. Нека се виновни Заев и Димитров кои го потпишаа договорот, но дајте да и овозможиме на државата членство во ЕУ и НАТО, рече Заев.

Зекир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека осумтемина пратеници со чија поддршка се отворија измените на Уставот ќе гласааат воздржано за три амандмани, потсетувајќи го премиерот дека процесот на уставни измени е врзан со процесот на помирување и простување.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата побара точката да се повлече од дневниот ред бидејќи предлогот, според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски е противуставен, а референдумот беше неуспешен. Предлогот на опозициската партија со 61 глас против не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство.

-Преку оваа точка се брише не само името на Република Македонија, туку и историјата и културата на државата, рече Мицевски.

Посочувајќи дека референдумот беше неуспешен, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека оттаму народните избраници, Собранието, Владата како извршна власт и сите други институции не смеат да ја газат волјата на над 1.200.000 гласачи кои на овој Договор му ставија точка. Според него, се прекрешија многу закони, се извршија многу притисоци и пак референдумот не беше успешен.

-Досега не постои меѓународен договор кој се ратификува од една страна, а не се ратификува истовремено од друга страна. Ние ќе преземеме обврски, а каква обврска ќе преземе Грција и која е мерката или алтернативата доколку Грција не го изгласа Договорот во нивниот Парламент. Кои се гаранциите за Република Македонија?, праша Мицевски.

Повтори дека стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде НАТО и ЕУ, но не на ваков начин.

За време на седницата ВМРО-ДПМНЕ му забележаа на претседателот на Собранието Талат Џафери за ословувањето на независната пратеничка група со името на ВМРО-ДПМНЕ.

Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас. Сепак, очекувањата според, претседателот на Собранието се дека седницата ќе заврши многу побргу.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија" да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија", а зборот „Македонија" се заменува со зборовите „Северна Македонија", освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на "посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија".

Со вториот се интервенира во Преамбулата на Уставот па зборовите „одлуките на АСНОМ" се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ" и се додаваОхридскиот рамковен договор.

Третиот амандман наведува дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави", а четвртиот се однесува на иселениците и во него се предвидува дека "Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Истовремено со одржувањето на денешната седница, пред Собранието се најавени протести, а околу законодавниот дом е заблежливо зголемено полициско присуство. /МИА

Страшна смрт на 10- годишно дете од САД: Згрижувачка мајка од 150 килограми легнала врз него

Згрижувачката мајка Џенифер Ли Вилсон (49) од Индијана, која тежела преку 150 килограми, е осудена на пет години затвор затоа што го гушела 10-годишното момче седум минути додека не умрело.

Џенифер го убила Дакота Леви Стивенс во сурова „казна“ откако тој побегнал и го молел соседот да го спаси од нејзиното злоставување.

На 24 април, момчето истрчало во куќата на соседот, велејќи му на сопственикот дека неговите згрижувачки родители го удриле и не му дозволувале да разговара со својот социјален работник. Само неколку минути подоцна следела ужасна казна за момчето кое своето „непослушно“ однесување го платило со живот.

Кога стигнале дома, Џенифер решила да легне врз Дакота додека малечкото цело време врескало. Таа станала од него дури кога тој „замолчи“.

Дакота бил прогласен за мртов во болницата во Саут Бенд два дена подоцна, а обдукцијата утврдила дека претрпел оштетување на органите и меките ткива, крварење во црниот дроб и белите дробови и други повреди.

Судскиот вештак во округот Сент Џозеф пресудил дека смртта на Дакота е убиство поради насилно задушување, пишува Dailymail.

Високиот судија Мајкл Бергерсон ја осудил Џенифер на пет години затвор и уште една година условна затворска казна под обвинение за убиство од невнимание во Врховниот суд во Портер. Казната била повисока од стандардните три години за кривично дело од петти степен и повеќе од она што го барале одбраната или обвинителството.

Заменик-обвинителката Мери Рајан побарала две години затвор, две години домашен притвор и една година условна, додека нејзините адвокати барале таа да не биде осудена на затвор, туку на три години домашен притвор и две години условно.

„Тој е прогласен за мртов од задушување, 10-годишно момче, кое овој суд нема да го игнорира, бидејќи обвинетата го игнорирала. Таа очигледно употребила поголема сила отколку што било потребно и тоа ги создало околностите што довеле до неговата смрт“, рече судијата Бергерсон.

Судијата Бергерсон рече дека Џенифер ја нарушила довербата вродена за нејзината улога на згрижувачка мајка и зборувала на телефон „со бесчувствително непочитување“ со Дакота додека тој умирал.

„Ова прекрасно момче плачеше и плачеше за својот живот, а обвинетата целосно несвесна го уби детето. Тешко е да се замисли полош сплет на околности“, додаде судијата.

Судијата Бергерсон рече дека олеснителните фактори како што се каењето на Џенифер и недостатокот на криминална историја „мора да бидат отфрлени од огромните докази за вина во овој случај“.

Мајката на Дакота го дала детето на посвојување кога имал само пет години поради зависност од дрога, а неговиот татко починал од инфекција поврзана со употреба на дрога.

Трамп: Путин ја уништува Русија, војната во Украина му создаде големи проблеми

„Руската војна во Украина го доведе лидерот на Кремљ Владимир Путин во голема неволја“, изјави Доналд Трамп за новинарите во Белата куќа по преземањето на функцијата 47-ми претседател на САД.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски ми рече дека сака да склучи договор, не знам дали сака Путин. Можеби не. Мислам дека треба да се договорат. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што не склучува договор.“ рече Трамп во Овалната соба, на првиот ден од неговиот втор мандат.

„Мислам дека Русија е во прилично голема неволја. Погледнете ја нивната економија, погледнете ја инфлацијата во Русија. Одлично се согласував со Путин, се надевам дека тој сака да направи договор“, додаде Трамп, според Политико.

Новинарите постојано го прашуваа Трамп за неговите ветувања дека ќе стави крај на руската инвазија на Украина и го потсетија дека тоа ветување го дал на првиот ден од неговиот мандат.

Трамп рече дека Путин мора да биде незадоволен од бавниот напредок на неговата војна против Украина, речиси три години откако нареди целосна инвазија и 11 години откако руските војници првпат се појавија на Крим.

„Тој ја уништува земјата. Повеќето луѓе мислеа дека ќе издржи околу една недела, а сега веќе сте трета година. Тоа не го прави добар“, рече Трамп.

„Имаме податоци дека загинале речиси милион руски војници. Загинаа околу 700.000 украински војници. Русија е поголема, тие имаат повеќе војници да изгубат, но тоа не е начин да се води држава“, додаде тој.

Украина претходно ги негираше бројките на Трамп, тврдејќи дека изгубила повеќе од 43.000 војници убиени во акција и повеќе од 370.000 ранети. Кремљ не ги открива официјалните податоци за жртвите, но Украина проценува дека Русија изгубила 150.000 војници и повеќе од 400.000 ранети во 2024 година.

Ресторан мора да плати дури 2,8 милиони долари отштета: Не ја опоменале гостинката на време

Џенезис Монита (19) од Сан Антонио го тужела синџирот ресторани „Бил Милер“ по инцидент што се случил во мај 2023 година.

Во таа прилика, тинејџерката нарачала тако за појадок, во комплет со сос за скара. Меѓутоа, садот бил жежок, па таа го испуштила на ногата и се здобила со изгореници од втор степен, пренесува Fox 7 Austin.

Џенезис тврдела дека го испуштила садот за сос затоа што вработените не ја предупредиле „колку е жежок“. Од ресторанот наведуваат дека нивниот течен додаток е 73 степени врел, а гостинката истакнува дека тој ден бил потопол за десет степени.

Поротата составена од шест мажи и шест жени во петокот пресудија во корист на тужителката, а на ресторанот му било наредено да ѝ плати отштета од неверојатни 2,8 милиони долари.

Казната изнесува 1,9 милиони, надоместокот за душевна и физичка болка е 900.000, додека 25.000 се изречени за плаќање медицински трошоци.

Во исто време, поротата заклучила дека ресторанот бил „небрежен“, што довело до инцидентот. Тие имаат можност да се жалат на пресудата.

Синџирот „Бил Милер“ е основан во 1952 година и има повеќе од 70 локации низ Тексас.

притисни ентер