Социјадемократите во ЕП бараат екстрадиција на Груевски - Канал 5

Социјадемократите во ЕП бараат екстрадиција на Груевски

Бегството на Никола Груевски и азилот кој му го даде Унгарија можно е да влезат во извештајот на Европскиот Парламент за Македонија.. . Со амандмани од Унгарија ќе се бара да го екстрадира експремиерот.

Социјадемократите во ЕП бараат екстрадиција на Груевски

Во извештајот на Европскиот парламент за Македонија, кој за шест дена ќе се најде пред европратениците е можно да влезе и бегството на екс премиерот Груевски и азилот кој Унгарија му го одобри. Откако Групата на европските социјалдемократи и на зелените поднесоа амандмани со кои се бара да се преиспита азилот кој Унгарија му го даде на Греувски и да го екстрадира, а за судењето на поранешниот македонски премиер да се констатира дека било темелно и транспарентно.

„Веруваме дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем. Ја повикуваме Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат Никола Груевски во Скопје. Очекуваме сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, истакнува дека овие судски процеси не треба да се политизираат, се наведува во едниот од двата амандмани на социјалдемократите.

Во другиот се бара во Извештајот да биде нагалсено дека, Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор во по транспарентен судски процес, оти пресудата е потврдена од повеќе судови и оти е обвинет и инволвиран и во други кривични истраги.

Амандман поднесоа и Групата на Зелените преку кој ги повикуваат унгарските власти да ги обезбедат сите релевантни информации и објаснувања во врска со случајот на Груевски кој, како што се наведуваат, избегал од земјата со тајна дипломатска помош на Унгарија. За ваквиот амандман, кој се смета за преостар, според неофицијални информации ќе биде потешко да се обезбеди поддршка од европаралментарците, додека за амандманите на социјалдеморкатите се очекува мнозинска поддршка, вклучително и од Европската народна партија.

Унгарија и пред два месеци се најде на тапет на Европскиот парламент, откако мнозинството европратеници го поддржаа барањето за активирање на членот 7 што би можело да доведе до суспензија на правото на глас на Унгарија во ЕУ. Тогаш владата на Орбан беше посочена дека замолчува независни медиуми, за активности против невладини организации и за отстранување независни судии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуа Липа се пофали како ужива на медениот месец низ Медитеранот (ФОТО)

Пејачката Дуа Липа сподели серија фотографии од нејзиниот меден месец со сопругот, актерот Калум Тарнер. 

Дуа Липа се пофали како ужива на медениот месец низ Медитеранот (ФОТО)

Само неколку дена по свадбата, двојката отпатува на брегот Амалфи во Салерно.

Омилена дестинација е Италија

Извор близок до двојката откри за списанието People дека Липа и Тарнер сакале да посетат некои од најубавите места во Италија, бидејќи Италија е една од нивните омилени дестинации. Фотографиите објавени од Дуа на Инстаграм ги прикажуваат опуштените, забавни и романтични моменти на двајцата вљубени.

Истиот извор истакнува дека Италија има посебно место во нивните срца и токму затоа ја избрале оваа земја за нивното прво свадбено патување. „Враќањето на Сицилија, каде што неодамна ја прославија својата свадба и создадоа нови спомени, беше нешто посебно. Затоа Италија беше природен избор за нивниот меден месец“, рече изворот.

Романтични и опуштени денови

Исто така, изворот забележа дека двојката ужива во секој момент од патувањето. „Тие ги поминуваат деновите на плажа, разговарајќи, смеејќи се и уживајќи во сонцето. Изгледаат толку среќни и навистина слатки заедно“, додаде изворот.

Како започна нивната љубов

Дуа Липа и Калум Тарнер ја започнаа својата романса на почетокот на 2024 година, откако се гледаа некое време јавно и на разни настани. Двојката официјално почна да се забавува откако беа видени заедно на филмска премиера во Лондон и на други излегувања, а нивната врска брзо прерасна во нешто повеќе.

Во јуни 2025 година, Тарнер првпат јавно проговори за нивната врска, а во исто време Липа потврди дека се свршени и планираат заедничка иднина. Во текот на 2025 година, нивната врска прерасна во солидна врска полна со патувања, заеднички моменти и јавни појавувања, а на крајот на мај 2026 година, ја крунисаа својата љубов со интимна венчавка во Лондон, опкружени со нивните најблиски пријатели и семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процес

СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процес

На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања.

Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат.

СДС и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат да ги поддржат и на тој начин се обидуваат да ги закочат процесите.

Наместо да придонесат кон побрза реализација на реформите и исполнување на обврските што државата ги има преземено, СДС и ДУИ здружени пак во опозиција избираат политички блокади.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таквите обиди да го забават реформскиот процес. Сите законски решенија предвидени со Реформската агенда ќе бидат донесени во утврдениот рок, затоа што интересот на Македонија и исполнувањето на реформските обврски се над партиските калкулации и нема да дозволиме обидите за собирање на политички поени на СДС и ДУИ да го спречат напредокот на државата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи доцна синоќа на превојот Плетвар, каде едно лице го загуби животот по превртување на камион со битолски регистарски таблички.

Жена загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско

Според првичните информации, несреќата се случила на патниот правец Прилеп–Градско, во близина на селото Ореовец. На местото веднаш интервенирале итните служби, а од Итната медицинска помош од Битола било потврдено дека едно лице починало како последица на несреќата.

Поради сериозноста на инцидентот, сообраќајот на оваа делница бил целосно во прекин неколку часа, додека надлежните служби вршеле увид и го расчистувале теренот.

Причините за несреќата засега не се официјално соопштени, а истрагата треба да утврди како дошло до превртувањето на камионот и околностите што довеле до трагичниот исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер