ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари
2ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари
3СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Груевски е жртва на политички прогон и хајка“Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. “Кацарска судството” е срам за правдата и правдината,се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ. “Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази. Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството. Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое сеуште го користи криминалната власт. Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка. СДСМ ја урнисаа правната држава, ги зарабија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт. Партиското судството во Македонија работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев. Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев. Поредокот во државата е целосно урнисан, правната држава не постои, а обинителството и судството носат политички пресуди само за да го заштитат криминалот на Заев и распродажбата на се што е македонско. Судот испраќа порака и до секој друг кој ќе му застане на Заев дека ќе го снајде истото доколку му застане на патот во уништувањето на државата. Со политичкиот прогон и неправда која се спроведува преку институциите се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси. Додека институциите слепо работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне, граѓаните осиромашуваат, и се распродава се што е македонско. Македонија е клекната на колена и затоа ова политичко и економско насилство кое го спроведуваат СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да запре. Наскоро ќе дојде ден кога ќе сносат политичка одговорност за ова силување на државата. СДСМ мора да си замине за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ЖивотТрамп: „Јапонија отсекогаш била добра кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор“ САД купуваат јапонски јени – прва таква интервенција по повеќе од една деценија.Претседателот Доналд Трамп во неделата го нарече овој потег „знак на пријателство“. На јапонскиот девизен пазар беше спроведена ретка билатерална акција со цел да се зајакне јенот, чија вредност во однос на доларот падна на најниското ниво во последните 40 години, пренесува Си-Ен-Ен. „Јенот е слаб и ним им беше потребна мала помош. Ние секогаш сме тука за Јапонија“, им изјави Трамп на новинарите во авионот „Ер форс 1“. Трамп се огласи откако „Фајненшл тајмс“ во петокот објави дека Федералната резервна банка на Њујорк, во име на Министерството за финансии на САД, продава евра за јени. Весникот се повика на извори запознаени со ситуацијата. Исто така, вреди да се напомене дека Јапонија поседува најголемо количество американски државни обврзници, па затоа во интерес на Америка е јенот да остане стабилен. Трамп во неделата изјави дека поддршката за јенот би била „добра за светската економија“. Како примери за американски интервенции што им помогнале на други економии, тој ги наведе минатогодишниот пакет помош за Аргентина во вредност од 20 милијарди долари и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп рече дека САД исто така би имале финансиска корист од овој потег, но не објасни како. Претходно, Трамп ја опиша конзервативната јапонска премиерка Санае Такаичи како „прекрасна личност“. This is an all timer from Donald pic.twitter.com/9QTuNjnWQx — jbulltard (@jbulltard1) August 3, 2026 „Имаме добри односи со Јапонија. Тие отсекогаш биле многу добри кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор. Таму не беа добри“, се пошегува Трамп.Тагови: Доналд Трамп јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГраѓаните ја спасија Унгарија од колапс Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека граѓаните на Унгарија ја спасиле земјата од колапс благодарение на нивното дисциплинирано однесување во изминатите неколку дена.Токму затоа, како што додаде тој, Работната група за одбрана одлучи дека засега нема потреба да се воведуваат задолжителни ограничувања на потрошувачката на енергија за компаниите. Маѓар во најновата видео-порака на Фејсбук изјави дека станува збор само за моментална проценка и дека владата може да интервенира во секое време, пренесува „Маѓар немзет“. Според него, граѓаните, компаниите, локалните самоуправи и институциите во неделата заштедиле 700 мегавати електрична енергија – што одговара на производството на еден и пол блок од нуклеарната централа „Пакш“ – а тоа привремено довело до благо покачување на нивото на водата поради намаленото пумпање. „Владата, заедно со експерти за енергетика и води, ги разгледа податоците за очекуваната потрошувачка за оваа недела, расположливите капацитети на домашните електрани, како и можностите за увоз и трговија. Не може да се воведе задолжително ограничување на потрошувачката за домаќинствата. Им благодарам на граѓаните за нивната солидарност. Владата очекува дека стотици големи компании-потрошувачи ќе се придржуваат кон доброволното намалување на потрошувачката“, изјави тој. Тој повторно упати апел до граѓаните да се обидат што е можно повеќе да ја намалат или прераспределат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Исто така, изјави дека постојано се бара решение за да се избегне целосно исклучување на електраната и дека во моментов се испитува можноста за задржување на водата надвор од електраната, но дека доколку нивото на водата се спушти за уште пет сантиметри, ќе мора да се исклучи и последната турбина. „Земјата доби уште еден или два дена, што би можело малку да ѝ помогне на електроенергетската мрежа во деновите на најголема потрошувачка. Ќе биде многу тешко, но заедно ќе го надминеме тоа“, рече Маџар и нагласи дека снабдувањето на населението со електрична енергија ќе се ограничува само во краен случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и ТаравариОпозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите.РЕАКЦИЈА НА СДС За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност СДС наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата. Тоа што СДС не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив. За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните. За разлика од едни минати времиња на власт на СДС, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат. Оттука, разликите во пристапот се евидентни и на СДС и порачуваме ако сакаат некој да им поверува дека се грижат за здравјето на граѓаните, а не само за политички поени, нека го повикаат на одговорност и нека побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани, кој тие го поддржаа за да станат дел од локалната власт во Гостивар. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook