Првата депонија изградена по ЕУ стандарди предадена во употреба - Канал 5

Првата депонија изградена по ЕУ стандарди предадена во употреба

Депонијата во Ново Коњско, Гевгелија, прва во земјата изградена комплетно по стандарди на Европската унија денеска беше предадена во употреба на општина Гевгелија.

Првата депонија изградена по ЕУ стандарди предадена во употреба

Изградбата на депонијата, вредна еден милион американски долари е финансирана од јапонската влада, а проектот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Со пуштање во употреба на оваа депонија ќе се затвори сегашната нелегална депонија, која се протега по брегот на Сува Река, чиј капацитет е одамна надминат и претставува сериозна закана за животната средина и здравјето.

„Современата депонија е од клучна важност за нашата општина. Со нејзиното отворање, конечно ќе ги решиме проблемите со цврстиот комунален отпад, а наскоро ќе почнеме да ги гледаме и еколошките придобивки“, изјави градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков. Штом ќе почне да работи депонијата, од граѓаните ќе побараме да го сортираат ѓубрето, додаде Поцков.

„Навистина ни е драго што јапонската влада беше во можност да одвои средства за овој вреден проект“, изјави јапонската амбасадорка Кеико Ханеда. Ханеда додаде дека земјата се соочува со сериозни проблеми со одлагање на отпадот и овој проект претставува пример кој треба да го следат и другите градови и региони, надевајќи се дека оваа современа депонија ќе има клучна улога во идниот систем на интегрирано справување со отпадот на југоистокот на земјата.

„Во УНДП сме задоволни што сме пионери во изградбата на првата депонија целосно според стандарди на Европската унија“, изјави Луиза Винтон, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). „Но, правењето било што за прв пат знае да биде тешко. Движењето низ бирократските лавиринти за да се обезбедат сите потребни дозволи траеше две години. И тоа се одвиваше пред дури и да почнеме со изградбата. Затоа, им благодариме на нашите јапонски партнери за трпението. Но, сега, кога имаме функционална депонија, очекуваме да станеме „туристичка атракција“, каде што министри, градоначалници и граѓани можат од прва рака да видат дека депонијата изградена по ЕУ стандарди личи на се, но не на отпад. Се надеваме дека на овој начин ќе го забрзаме процесот за изградба на петте планирани регионални депонии и исто така сме подготвени да го понудиме нашето искуство како обемната бирократија и прекубројни регулативи можат да се надминат“, рече Винтон.

Таа побара од општината да ја стави во функција депонијата што побргу. УНДП во моментот помага во обуката на лицата кои ќе работат во депонијата, а се очекува во најскоро време да биде завршен патот до депонијата и обезбедување на соодветни возила за отпад и друга потребна опрема.

Депонијата е дел од поголем проект од 2,2 милиони американски долари, поддржан од јапонската влада, а спроведуван од УНДП како поддршка за општините кои беа најмногу погодени во бегалската криза во 2015-2016 година. Меѓу другите проекти финансирани од јапонската помош беше и реконструкцијата на пумпната станица во Гевгелија, со која двојно се зголеми капацитетот на снабдување на општината со вода за пиење. Исто така се реконструираше и коритото на Липковска река во Куманово, и сите проекти заедно придонесоа подобрување на квалитетот на живот на околу 150.000 жители во овие општини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како е можно истиот автомобил да чини три пати повеќе во една земја отколку во друга?

„Renault Kwid“ чини 16.000 долари во Бразил, додека во Индија чини 4.700 долари.

Како е можно истиот автомобил да чини три пати повеќе во една земја отколку во друга?

„Renault“ претстави целосно редизајниран „Kwid“ за јужноамериканскиот пазар.

Најмалиот модел на францускиот производител доби ревидиран изглед и помодерен ентериер, но механиката остана речиси непроменета.

Сепак, нешто друго привлекува внимание - огромната разлика во цената помеѓу Индија и Бразил.

„Kwid“ во Бразил чини од 82.790 реали, или околу 16.000 долари, додека истиот основен модел во Индија започнува од околу 4.700 долари.

Ова значи дека бразилската верзија е повеќе од три пати поскапа.

Нов изглед и поголемо стакло

Ова е втор голем редизајн на „Kwid“ од неговото претставување во 2016 година.

Предниот дел има нов браник, потенка решетка, модифицирани отвори за воздух и нова заштитна плоча. Разделените фарови се задржани.

На задниот дел, промените се помали, но светлата добија нова графика, додека на покривот сега има антена со перка од ајкула.

Најскапиот пакет опрема „Outsider“ носи кровни носачи, дополнителни пластични елементи на каросеријата и 14-инчни алуминиумски тркала.

Во кабината, промените се поизразени. Бразилскиот „Kwid“ сега има 10,1-инчен мултимедијален системски екран и 7-инчна дигитална инструмент табла.

Отворите за воздух исто така се променети, додека воланот има нов амблем на „Renault“.

Сепак, основниот „Evolution“ нема мултимедијален екран.

На негово место е пластична обвивка, додека побогатите пакети „Techno“ и „Outsider“ добиваат екран и дополнителни детали во боја.

Моторот останува ист

Нема поголеми промени под каросеријата.

Бразилската верзија сè уште е напојувана од атмосферски 1,0-литарски трицилиндричен мотор со можност за користење бензин и етанол.

Развива 69 КС на бензин, додека со етанол има 72 КС. Моќта се испраќа на предните тркала преку петстепен мануелен менувач.

Автомобилот ја користи механичката платформа „CMF-A“, чии корени датираат од 2015 година.

Истата основа се користи и во неколку други модели, како што се „Dacia Spring“ и некои модели од брендовите „Renault“ и „Nissan“.

Зошто е толку поскап во Бразил?

„Kwid“ се произведува локално за бразилскиот пазар, во фабриката „Ayrton Senna“.

Цената започнува од 82.790 реали, или околу 16.000 долари, за „Evolution“, додека најскапиот „Outsider“ чини 91.890 реали, или околу 17.800 долари.

Во Индија, каде што се произведува во фабриката во Ченај, „Kwid“ чини од околу 4.700 до 5.900 долари.

Значи, иако ја делат основната платформа, моторот и голем дел од техничката основа, разликата помеѓу почетните цени на двата пазари е околу 11.300 долари.

Бразилската верзија се карактеризира со повисоки локални трошоци за производство, даноци, опрема и специфичноста на пазарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска

Апел до родителите: Навремено вакцинирајте ги децата против морбили

Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска

Епидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува, а преземените мерки и засилената координација меѓу Министерството за здравство, здравствените институции и општините даваат резултат, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

– Во земјава досега се потврдени вкупно 53 случаи на западнонилска треска. Податоците покажуваат дека просечното времетраење на болничкото лекување изнесува 14 дена, додека најкраткиот период до испис бил осум дена. Институциите континуирано ја следат состојбата, а координираното постапување на централно и на локално ниво придонесува за нејзино стабилизирање, истакна Клековски.

Директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека во моментот пет пациенти се лекуваат на одделот за интензивна нега. Тројца од нив се екстубирани и нивната здравствена состојба е подобрена. Досега 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување.

Министерот Клековски истовремено упати апел до родителите навремено да ја почитуваат вакцинацијата на децата против морбили, имајќи предвид дека опфатот со вакцинација изнесува околу 62 процента.

– Нашата цел е навремено да спречиме можна епидемија на морбили. Вакцините се најсигурната заштита од ова заразно заболување и затоа апелирам родителите да не ја одложуваат имунизацијата на своите деца, порача Клековски.

Потребата од зголемување на вакциналниот опфат е дополнително нагласена поради регистрираните случаи на морбили во соседните земји. Здравствените власти продолжуваат со внимателно следење на состојбата, координација со сите надлежни институции и навремено информирање на јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Eден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак – судот во Турција донесе преседан

Корисниците на социјалните мрежи во Турција отсега можеби ќе треба повнимателно да размислуваат на што ставаат „лајк“.

Eден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак – судот во Турција донесе преседан

Највисокиот суд во земјата, Касациониот суд, одлучи дека лајкувањето фотографии на припадници од спротивниот пол може да се смета за нарушување на довербата во бракот и да претставува основа за развод.

Според „Хабертурк“, случајот започнал кога брачен пар од Кајсери поднел меѓусебни тужби за развод. Сопругата навела дека нејзиниот сопруг ѝ ускратувал пари, ја понижувал и редовно лајкувал фотографии од други жени. Од друга страна, сопругот ја обвинил за прекумерна љубомора и навреди.

Семејниот суд го прогласил сопругот за виновен и ѝ доделил на жената издршка и надомест на штета, при што како доказ биле земени предвид и неговите активности на социјалните мрежи.

Како резултат на одлуката, жената ќе добива привремена издршка од 500 турски лири (околу 12 долари), месечна издршка од 750 лири (околу 18 долари), како и 80.000 лири (околу 1.884 долари) материјален и нематеријален надомест.

Сопругот се обидел да ја оспори одлуката, но Апелациониот суд ја потврдил пресудата на првостепениот суд, нагласувајќи дека лајкувањето фотографии од други жени може да се смета за однесување со кое се нарушува брачната доверба.

На крајот, Касациониот суд ја потврдил одлуката, со што случајот може да има значење и за идните бракоразводни постапки. Адвокатите во Турција сега анализираат како оваа одлука ќе влијае врз идните случаи на развод.

Со други зборови – во Турција, еден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак.

Извор: курсив

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер