Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите, а не идентитетите
2Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите, а не идентитетите
3Мицкоски за дата-центрите: Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет
МакедонијаМицкоски за дата-центрите: Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитетОпозицијата со своето мочуриште се однесува неодговорно кон граѓаните.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска при посетата на Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со дата-центрите, истакна дека тоа е неповратен процес и Владата во таа насока ќе продолжи да ја води земјата кон просперитет и иднина, а опозицијата со своето противење не само што се однесува неодговорно кон државата и граѓаните, туку е изолирана со уште малкумина, затоа што и САД, Европа, но и азиските земји се развиваат на тоа поле. „Во Европа конкретно, нашата опозиција не само што се однесува неодговорно кон економијата, државата и граѓаните, туку е изолирана со уште неколкумина во светот кои се борат против центрите за податоци или, во јавноста познати како, дата-центри“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски потсети на обраќањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое тој на противниците на оваа индустрија им вели дека дата-центрите ќе донесат повеќе успех, но и пониски даноци и работни места, а потсети и дека источните земји се развиваат преку дата-центрите. „Така што јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Секогаш кога ќе појдете на Исток, посебно во тие азиски земји, кога ќе ги видите оние хуманоидни роботи, кога ќе видите како таму функционираат сообраќајните решенија, кога ќе се соочите со тие предизвици, тогаш се враќате овде со воодушевување. А кога овде Владата ќе ви каже: ‚Ајде луѓе и ние да направиме нешто‘, е тогаш сте против. Така што тие нека си продолжат со својот талог и своето политичко мочуриште, а ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина“, нагласи премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска трескаАпел до родителите: Навремено вакцинирајте ги децата против морбилиЕпидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува, а преземените мерки и засилената координација меѓу Министерството за здравство, здравствените институции и општините даваат резултат, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. – Во земјава досега се потврдени вкупно 53 случаи на западнонилска треска. Податоците покажуваат дека просечното времетраење на болничкото лекување изнесува 14 дена, додека најкраткиот период до испис бил осум дена. Институциите континуирано ја следат состојбата, а координираното постапување на централно и на локално ниво придонесува за нејзино стабилизирање, истакна Клековски. Директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека во моментот пет пациенти се лекуваат на одделот за интензивна нега. Тројца од нив се екстубирани и нивната здравствена состојба е подобрена. Досега 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување. Министерот Клековски истовремено упати апел до родителите навремено да ја почитуваат вакцинацијата на децата против морбили, имајќи предвид дека опфатот со вакцинација изнесува околу 62 процента. – Нашата цел е навремено да спречиме можна епидемија на морбили. Вакцините се најсигурната заштита од ова заразно заболување и затоа апелирам родителите да не ја одложуваат имунизацијата на своите деца, порача Клековски. Потребата од зголемување на вакциналниот опфат е дополнително нагласена поради регистрираните случаи на морбили во соседните земји. Здравствените власти продолжуваат со внимателно следење на состојбата, координација со сите надлежни институции и навремено информирање на јавноста.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
ЖивотEден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак – судот во Турција донесе преседанКорисниците на социјалните мрежи во Турција отсега можеби ќе треба повнимателно да размислуваат на што ставаат „лајк“.Највисокиот суд во земјата, Касациониот суд, одлучи дека лајкувањето фотографии на припадници од спротивниот пол може да се смета за нарушување на довербата во бракот и да претставува основа за развод. Според „Хабертурк“, случајот започнал кога брачен пар од Кајсери поднел меѓусебни тужби за развод. Сопругата навела дека нејзиниот сопруг ѝ ускратувал пари, ја понижувал и редовно лајкувал фотографии од други жени. Од друга страна, сопругот ја обвинил за прекумерна љубомора и навреди. Семејниот суд го прогласил сопругот за виновен и ѝ доделил на жената издршка и надомест на штета, при што како доказ биле земени предвид и неговите активности на социјалните мрежи. Како резултат на одлуката, жената ќе добива привремена издршка од 500 турски лири (околу 12 долари), месечна издршка од 750 лири (околу 18 долари), како и 80.000 лири (околу 1.884 долари) материјален и нематеријален надомест. Сопругот се обидел да ја оспори одлуката, но Апелациониот суд ја потврдил пресудата на првостепениот суд, нагласувајќи дека лајкувањето фотографии од други жени може да се смета за однесување со кое се нарушува брачната доверба. На крајот, Касациониот суд ја потврдил одлуката, со што случајот може да има значење и за идните бракоразводни постапки. Адвокатите во Турција сега анализираат како оваа одлука ќе влијае врз идните случаи на развод. Со други зборови – во Турција, еден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак. Извор: курсив Фото: ВИТагови: брак развод турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во ЦентарВкупно 551 прваче денес за првпат седна во училишните клупи во осумте општински основни училишта на територијата на Општина Центар, со што официјално започна новата учебна 2026/2027 година.По повод првиот училишен ден, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети ООУ „11 Октомври“, каде ги поздрави првачињата, родителите и наставниците и им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година. „Денес е голем ден за нашите првачиња и нивните семејства, ден кој се случува само еднаш и се памети цел живот. И јас добро го паметам тоа чувство кога моите синови Стефан и Борјан за првпат го пречекорија училишниот праг. Денес нашите 551 прваче започнуваат едно од најубавите животни патувања. Ќе учат, ќе стекнуваат нови другарства, ќе го откриваат светот и ќе растат во личности со свои соништа, идеи и вредности. Наша обврска е да им ги создадеме најдобрите можни услови на тој пат“, истакна Герасимовски. Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерките за поддршка на учениците и нивните семејства. Сите првачиња добиваат бесплатни ранци, додека за учениците од прво до деветто одделение се обезбедуваат бесплатни училишни униформи. Од оваа учебна година започнува и субвенционирањето на оброкот за учениците од прво до трето одделение, со цел до крајот на мандатот оброкот да биде целосно бесплатен. За повозрасните ученици, Општината започнува и со бесплатни екскурзии. Паралелно, Општина Центар продолжува со инвестициите во основните училишта, подобрувањето на условите за настава, спорт и развој, како и со поддршката на талентираните ученици. „Сакаме училиштата во Центар да бидат места во кои децата не само што ќе стекнуваат знаење, туку ќе учат да се почитуваат, да си помагаат и да бидат добри луѓе. Места во кои нема простор за насилство и булинг, туку за другарство, толеранција и солидарност. Поддршката на учениците за нас не е само една мерка или еден проект. Таа е наша обврска и инвестиција во иднината на Центар“, порача Герасимовски. Градоначалникот на првачињата им посака многу здравје, среќа, нови другарства и успеси, а на наставниците и родителите успешна и исполнета учебна година. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter