МакедонијаГерасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во ЦентарВкупно 551 прваче денес за првпат седна во училишните клупи во осумте општински основни училишта на територијата на Општина Центар, со што официјално започна новата учебна 2026/2027 година.По повод првиот училишен ден, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети ООУ „11 Октомври“, каде ги поздрави првачињата, родителите и наставниците и им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година. „Денес е голем ден за нашите првачиња и нивните семејства, ден кој се случува само еднаш и се памети цел живот. И јас добро го паметам тоа чувство кога моите синови Стефан и Борјан за првпат го пречекорија училишниот праг. Денес нашите 551 прваче започнуваат едно од најубавите животни патувања. Ќе учат, ќе стекнуваат нови другарства, ќе го откриваат светот и ќе растат во личности со свои соништа, идеи и вредности. Наша обврска е да им ги создадеме најдобрите можни услови на тој пат“, истакна Герасимовски. Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерките за поддршка на учениците и нивните семејства. Сите првачиња добиваат бесплатни ранци, додека за учениците од прво до деветто одделение се обезбедуваат бесплатни училишни униформи. Од оваа учебна година започнува и субвенционирањето на оброкот за учениците од прво до трето одделение, со цел до крајот на мандатот оброкот да биде целосно бесплатен. За повозрасните ученици, Општината започнува и со бесплатни екскурзии. Паралелно, Општина Центар продолжува со инвестициите во основните училишта, подобрувањето на условите за настава, спорт и развој, како и со поддршката на талентираните ученици. „Сакаме училиштата во Центар да бидат места во кои децата не само што ќе стекнуваат знаење, туку ќе учат да се почитуваат, да си помагаат и да бидат добри луѓе. Места во кои нема простор за насилство и булинг, туку за другарство, толеранција и солидарност. Поддршката на учениците за нас не е само една мерка или еден проект. Таа е наша обврска и инвестиција во иднината на Центар“, порача Герасимовски. Градоначалникот на првачињата им посака многу здравје, среќа, нови другарства и успеси, а на наставниците и родителите успешна и исполнета учебна година. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook