Силна американска поддршка за Договорот од Преспа

САД цврсто го поддржуваат Договорот од Преспа и тоа е од суштинска важност за евроатлантската иднина на Македонија.

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер вчера за време на посетата на Македонија, изрази силна американска поддршка за Договорот од Преспа.

Тој на средбите со политичките лидери порача дека Македонија може да смета на силната поддршка од САД за евроатлантските интеграции на земјата.

Палмер рече дека осумдесетте гласа за поддршка на Договорот од Преспа во Собранието претставуваат историска пресвртница и го отвораат патот за европска иднина на Македонија и македонскиот народ.

– Сметаме дека јавноста ја поддржува оваа спогодба. Задоволни сме од исходот на процесот на гласање во петокот. Тоа е глас за иднината и тесно ќе соработуваме со Владата и со сите пратеници кои гласаа за Спогодбата со цел таа целосно да се спроведе, потоа Грција да си ги исполни своите должности за ратификацијка на договорот, за да може да направите напредок во зачленување во евроатланските институции, оцени Палмер.

На прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Палмер рече дека не е никаква порака што не остварил средби со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот Ѓорѓе Иванов, и оти при секоја посета има определено време и треба да се направи избор како тоа да се искористи.

– Јас детално разговарав со Мицкоски тој испрати и писмо кое јас внимателно го прочитав, каде што тој ги изнесува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, се сретнав и со многу членови на македонскиот Парламент вклучително и со пратеници од опозицијата, така што тоа не е моја порака до нив, рече Палмер.

Заев посочи дека средбата со Палмер доаѓа во исклучително важен момент на Македонија и само неколку дена по големиот исчекор кон иднината направен во Собранието.

– Пратениците храбро преземаа одговорност, испишаа историја и ја отргнаа Република Македонија од заканата повторно да се врати од темното минато, го спречија ризикот на нова изолација која овој пат ќе добиеше катастрофални димензии за земјата. Наместо тоа, храбрите и одговорни народни избраници со својот глас ја докажаа подготвеноста да ја остварат својата визија, а тоа е Македонија да стане членка на НАТО и да ги започне преговорите со ЕУ, изјави премиерот.

Поддршка за Договорот од Преспа и изгласувањето на почетокот на уставните измени во Собранието изрази и Франција.

– Франција со задоволство констатира дека гласањето на 19 октомври во Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија го имаше потребното двотретинско мнозинство, за отпочнување на делот за разгледување на уставните амандмани, наменети за спроведување на Преспанскиот договор, склучен на 17 јуни помеѓу Атина и Скопје. Франција се надева дека дискусиите во Парламентот ќе доведат до ревизија на Уставот. Како што потсети претседателот Макрон, Преспанскиот договор е добар за земјата, за регионот и за Европа, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и Надворешни работи на Франција, Госпоѓа Ањес фон дер Мил, пренесува Амбасадата на Франција.

Во врска со гласањето во македонскиот Парламент се огласи и руското Министерство за надворешни работи, кое оцени дека гласањето, со кое е обезбедена поддршка за почеток за уставни измени заради имплементација на Договорот од Преспа, е последица на уцени, закани и купување гласови.

Руското МНР во соопштение наведува дека САД манипулирале со „нерегуларно гласање" во македонскиот Парламент при донесувањето одлука за промена на името.

– Обрнавме внимание на гласањето што се случи на 19 октомври во Парламентот на Македонија со измените на Уставот кои се потребни за промена на името и стапување на земјава во НАТО. Се беше организирано по каноните на „современата европска демократија", се наведува во коментарот на руското Министерство и се додава дека тоа што се случило во Собранието е „отворено кршење на сите норми и од законска, и од морална гледна точка".

Откако Собранието на Република Македонија во петокот доцна вечерта ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа, течат и петнаесетте дена, колку што Владата, како предлагач на уставните измени, има рок да достави нацрт-амандмани на Уставот до Собранието.

Премиерот Заев во неделата изјави дека нема против во уставните амандмани да се внесат барањата на неколкутемина пратеници од опозицијата кои гласа „за" во петокот. Според него, тие барања не отстапуваат од Договорот склучен со Грција.

Тој тогаш уште еднаш повика преку инклузивен процес надвор од политичките определби, власта и опозицијата да седнат заедно и да ги дефинираат точно уставните амандмани и заедно да го поддржат, како што рече, овој важен процес за РМ, што конечно ќе ја обезбеди сигурноста, безбедноста, стабилноста и економскиот раст и развој на Макеоднија.

Со гласањето во Собранието во петокот, заврши првата фаза од измените на Уставот. Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас во Собранието. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници. /МИА

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер