Алберт Муслиу и Александар Пандов во „Само Вистина"

Дали предвремените избори се опција и дали пратеници на Вмро-Дпмне ќе гласаат за уставните амандмани?

Имаше обиди да се договорат, но барањето на Вмро-Дпмне, референдумското прашање да се однесува само за Договорот. со што тие би повикале да се излезе на референдумот и да се гласа против, беше одбиено. Според мене Договорот со Грција е лош а бојкотот независно од ова беше најдобрата опција, рече Пандов. Референдумот беше консултативен а мнозинството од тие што излегоа гласаа „за", невидлива бројка од друга страна не се изјасни. Ова дава за право да се продолжи со процесот рече Муслиу, кој смета дека прашањетпо било јасно зашто Договорот со Грција е токму заради влезот во ЕУ и Нато. Дали предвремените избори се опција и дали пратеници на Вмро-Дпмне ќе гласаат за уставните амандмани гледајте во најновото издание на „Само Вистина"

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

притисни ентер