Почна штипската „Пастрамајлијада"

 Со сечење на џиновската пастрмајлија почна 12. издание на штипската „Пастрамјлијада“. 

На свеченото отворње присуствуваа и евроамабсадорот Самуел Жбогар и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска.

- Пред неколку дена заедно со еврокомесарот Јоханес Хан имавме прилика да го посетиме Штип и тогаш штипјани ни рекоа дека не постои само Скопје, туку има и други градови во Македонија кои се убави и навистина ми е многу драго што можевме да излеземе од Скопје да ја видиме самата традиција. Навистина ние во Европската унија ставаме посебен акцент на зачувување на традицијата. Јас уживав вечерва, вели Жбогар.

Министерката за одбрана Шеќеринска истакна дека викендов сите патишта ќе водат кон Штип, а како што рече особено и е мило што оваа вечер организаторите ја исконбинирале домашната храна, со домашната музика.

- Имавме прилика да слушаме одлични домашни автори и ова покажува дека нашите опшштини, нашите институции водат сметка да го зачуваме и да го надградиме она што е добро и она што е наше. Владата на Република Македонија не учествуваше во организацијата, но, можеме само да дадеме честитки на општина Штип, заради тоа што покажа дека овие денови вниманието и очите се насочени кон Штип, како центар на македонскиот исток. Навистина ми е драго што и еврокомесарот Хан, кој вообичаено беше само гостин во Скопје имаше прилика да види и колку е убава Македонија и надвор од главниот град и што беше гостин тука и ја испрати пораката дека и Македонија и Штип морат да бидат европски, рече Шекеринска.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски очекува и во наредните денови Штип да го посетат голем број гости од земјава и странство, кој покрај тоа што ќе ја вкусат пастрмајлијата и штипското стопанство да има економски бенефит.

- Ги повикувам граѓаните, нашите сограѓани да бидат добри домаќини и овој викенд да биде исполнет со многу дружење и со многу забава, рече Бочварски.

Во рамките на манифестацијата вечерва настапија Кристина Арнаудова, Дани Димитриевска, Влатко Стефановски, а по 23 часот ќе настапи и белградската група Ван Гог. Во текот на утрешниот ден ѕвезда да вечерта е Северина, кога се очекува и голем број на гости. Штипската апстрамајлија на штандовите се продава по цена од 120 денари. /МИА.

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

притисни ентер