ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
2ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЗабаваПочна штипската „Пастрамајлијада" Со сечење на џиновската пастрмајлија почна 12. издание на штипската „Пастрамјлијада“. На свеченото отворње присуствуваа и евроамабсадорот Самуел Жбогар и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска. - Пред неколку дена заедно со еврокомесарот Јоханес Хан имавме прилика да го посетиме Штип и тогаш штипјани ни рекоа дека не постои само Скопје, туку има и други градови во Македонија кои се убави и навистина ми е многу драго што можевме да излеземе од Скопје да ја видиме самата традиција. Навистина ние во Европската унија ставаме посебен акцент на зачувување на традицијата. Јас уживав вечерва, вели Жбогар. Министерката за одбрана Шеќеринска истакна дека викендов сите патишта ќе водат кон Штип, а како што рече особено и е мило што оваа вечер организаторите ја исконбинирале домашната храна, со домашната музика. - Имавме прилика да слушаме одлични домашни автори и ова покажува дека нашите опшштини, нашите институции водат сметка да го зачуваме и да го надградиме она што е добро и она што е наше. Владата на Република Македонија не учествуваше во организацијата, но, можеме само да дадеме честитки на општина Штип, заради тоа што покажа дека овие денови вниманието и очите се насочени кон Штип, како центар на македонскиот исток. Навистина ми е драго што и еврокомесарот Хан, кој вообичаено беше само гостин во Скопје имаше прилика да види и колку е убава Македонија и надвор од главниот град и што беше гостин тука и ја испрати пораката дека и Македонија и Штип морат да бидат европски, рече Шекеринска. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски очекува и во наредните денови Штип да го посетат голем број гости од земјава и странство, кој покрај тоа што ќе ја вкусат пастрмајлијата и штипското стопанство да има економски бенефит. - Ги повикувам граѓаните, нашите сограѓани да бидат добри домаќини и овој викенд да биде исполнет со многу дружење и со многу забава, рече Бочварски. Во рамките на манифестацијата вечерва настапија Кристина Арнаудова, Дани Димитриевска, Влатко Стефановски, а по 23 часот ќе настапи и белградската група Ван Гог. Во текот на утрешниот ден ѕвезда да вечерта е Северина, кога се очекува и голем број на гости. Штипската апстрамајлија на штандовите се продава по цена од 120 денари. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денариЖивотот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат. Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно. Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните. Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот. Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери. Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат. Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 21.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделкаСДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка.Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДС сега замерка му најде и на јавната аукција. СДС и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка. Да потсетиме, СДС претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија. Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДС само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДС и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка. Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДС и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДС и Филипче. Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДенес е Св. Архангел Михаил Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. Денес задолжително помолете се за здравје на најблиските и простете им на тие што ви згрешиле, за да ви се исполни најголемата желба. Именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка... Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како ѓаволи. Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер се отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото. Затоа на фреските и иконите Архангел Михаил најчесто е претставен како борец - војвода, со меч, а според некои верувања се смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души на кои им чукнал часот. Друго верување е дека ако овој Архангел се појави над главата на некој што е болен, тогаш тој ќе оздрави. Постојат голем број приказни за чудотворните исцелувања на ангелот – на еден маж му се јавил на сон и му рекол дека неговата ќерка ќе оздрави ако се измие на еден извор. За друго негово чудо се смета и спасувањето на момчето Василиј Карастирис, кое паднало и сериозно ја повредило главата. На Василиј морало да му биде направена итна операција, а лекарите предвидувале дека момчето ќе остане слепо и со парализа на ногата и раката. Момчето раскажувало како додека го подготвувале за операција, пред себе видел светлина, а во неа храм со високи ѕидови и пред него бил Архангелот кој му рекол: „Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна“. Момчето навистина оздравело, а најинтересно е што операцијата била направена на 21-ви ноември, денот кога се слави Архангел Михаил. Од овие причини, Свети Архангел Михаил е една од најчестите слави како кај нашиот, така и кај другите православни народи. На денешен ден верниците одат во црква и се молат за свое, но и за здравје на своите најблиски. На Аранѓеловден слават сите што носат име поврзано со архангелите Михаил, Михајло, Мијалче, Михаела, Михајела, потоа Ангел, Ангелина, Ангела, Ангелче, Аранѓел, Аранѓелка. Во некои семејства именден слават и Гаврил и Габриела, бидејќи празникот е посветен на сите архангели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook