Мицотакис: Со признавање македонски јазик и идентитет, прашање на време е земјата да се нарекува чисто Македонија

Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија, рече Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во рамките на 83-от Меѓународен саем во Солун . 

Мицотакис истакна дека најголемиот проблем во Договорот од Преспа се македонскиот јазик и идентитет.Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Нова демократија, одговарајќи на новинарски прашања, уште еднаш повтори и потенцираше дека неговата партија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа дали во овој или во следниот парламент. Рече дека за нив најголемиот проблем се македонскиот јазик и идентитетот и во случај договорот од било кои причини да не биде ратификуван, тие како влада би започнале нови преговори, нешто што самиот Мицотакис го најави вчера во неговиот говор, тогаш фокусот би бил на овие две прашања.

Одговарајќи на прашањето дали прифаќа сложено име објасни дека е „очигледно дека не постои Грк што би сакал да постои името Македонија во името на соседната земја“, но истакна дека тој лично сака да биде реалист и спомена дека проблемот е во други елементи.

- Основниот проблем во договорот е во јазикот и националноста. Така што, следниот ден, доколку имаме можност, го потенцирам тоа, под предуслов дека нема да се ратификува договорот, големата битка, а ќе треба да знаеме колку битки можеме да водиме во исто време, големата битка ќе треба да биде за јазикот и идентитетот и ќе ви кажам зошто, бидејќи името многу брзо ќе се заборави. Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија. Таму е суштината на проблем и таму јас го лоцирам и вистинскиот проблем што е поврзан со иредентизмот на Скопје, рече Мицотакис.

Во одговорите на сите прашања посветени на спорот со името и Договорот од Преспа, лидерот на Нова демократија повтори дека проблемот е во „отстапувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет“.

- Не можам јас како премиер на Грција, ако овие преговори, го потенцирам тоа, ако преговорите започнат од почеток, не можам да прифатам македонски јазик и македонска националност, како што не прифати ниту еден премиери во минатото што го водеше ова прашање, секако освен господинот Ципрас кој потпиша, рече Мицотакис и истакна дека македонски јазик и македонски идентитет, се „двата елементи што го сочинуваат јадрото на еден потенцијален нов македонски иредентизам“.

Претседателот на Нова демократија, на два пат повтори дека ниту еден грчки премиер во минатото не прифатил македонски јазик и идентитет, нешто што, како што рече, и документите од Викиликс покажуваат „дека континуирано барање и крајната цел на Скопје било да постигне гарантирање на јазикот и националноста и тоа го постигнаа со денешната влада на Ципрас и Каменос“.

Кирјакос Мицотакис, уште еднаш разјасни дека неговата партија нема да гласа за ратификација на договорот, но и објасни дека е тешко да се смени ратификуван меѓународен договор.

-Сакам уште еднаш да бидам комплетно конкретен и јасен, Нова демократија нема да гласа за овој договор, кога господинот Ципрас ќе го донесе за ратификација во парламентот. Доколку од било која причина дојде до избори и договорот не дојде во парламентот, нема да го ратификуваме договорот. Но, од моментот кога договорот се ратификува, а во исто време, врз база на договорот, грчкиот парламент го ратификува и протоколот за интеграција во НАТО, прашањето со НАТО е завршено. Да бидеме апсолутно искрени и да им го кажеме тоа на грчките граѓани. Ратификуван договор, меѓународен договор, за жал, за земјата произведува законски резултати, кои многу е тешко да ги смениме, објасни Мицотакис.

Во однос на тоа што би направил за врска со членството во Европската унија, Мицотакис рече дека предвидено е патот до ЕУ да биде долг и тие како влада, „би ги истражиле сите можности што им стојат на располагање“.

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија спомена дека тие направиле сѐ што било во нивни раце, ги искористиле сите парламентарни алатки што ги имале на располагање, вклучувајќи ја и иницијативата за гласање недоверба на владата, за да не се потпише Договорот од Преспа.

-Бев многу искрен со грчките граѓани и им реков дека овој договор произведува резултати уште од моментот на потпишувањето и за жал го гледаме тоа. Го гледаме со тоа што скопскиот премиер оди секаде и споменува колку важна придобивка е македонски јазик и македонскиот идентитет и воопшто да не го споменува прашањето со името, рече лидерот на Нова демократија, одговарајќи на новинарско прашање.

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер