Сторија на Канал 5: Македонија ретко каде има услови за движење со количка

Ние имаме живот на тркала ја почнуваат својата животна судбина луѓето со параплегија и квадриплегија. Но , каков живот имаме?

 Во извештајот за истражување и резултатите од анкетата се покажува дека во македонија ретко каде има услови за движење со количка. Најчесто се што е потребно е на кат, а лифт нема од болници и инситуции.

46 годишната Билјана Наумовска конкурирала за инвалидска пензија работи во Музејот на град Скопје, но веќе болеста и условите не и дозволуваат сама да оди до работа. Верувала дека ќе добие пензија, но ја одбиле поради нецелосна документација. Наумовска прашува како може во овој рок инвалид да ги добие сите документи.

Билјана верува дека институциите ќе го разгледаат нејзиниот случај и ќе и помогнат да добие пензија. Таа со апел дека мора да се поедностават законските решенија за да се добие инвалидска пензија, со цел луѓето во количка да добијат полесно пензија и да имаат услови за живеење.

Видео: Реклама со 12 антологиски филмски автомобили

Од Батмобил до Де Лореан.

Познатиот американски синџир „ Walmart“ направи неверојатна реклама за својата нова услуга, нарачајте и соберете ја робата.

Поради тоа што оваа понуда не е нешто револуционерно тие одлучиле новата услуга да ја промовираат на вистински оригинален начин, со помош на 12 антологиски филмски автомобили, кои брзаат од една до друга продавница за да ја подигнат робата.

Во рекламата  може да се видат автомобилот на Бетмен, (Батмобил), Екто -1 ( Истерувачи на духови), К.И.Т.Т  (Knight Rider), Молњата Меквин, (Автомобили), „ Mutt Cutts“(Глуп и поглуп), автомобилот од Парк од времето на Јура, од „Враќање во иднината, пд Трансфорери, ...

На крајот на видеото може да се види како на паркингот стигнува бел Форд од 1979 година кој му припаѓал на основачот на овој американски синџир на продавници Сем Волтон. Иако тој бил еден од најбогатите Американци, Волтон сепак возел само автомобил пик ап се до својата смрт во 1992 година.

Фудбалската ѕвезда ја призна вината: Роналдо осуден на две години затвор и казна од 19 милиони евра

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо се спогоди со судот во Мадрид околу обвиненијата за избегнување на данок, со што се согласи на парична казна од 18.8 милиони евра.

Спогодбата, договорена однапред, вклучува и издржување на затворска казна од 23 месеци.

Но во Шпанија, осудениците обично не служат затвор за казна под две години.

Ненасилната престапка на Роналдо значи дека тој најверојатно нема да помине време во затвор и казната сосема веројатно ќе биде условна.

Кристијано, кој во моментов е играч на Јувентус и играше минатата вечер за клубот од Италија, пристигна во судницата насмеан, држејќи се за рака со сопругата Георгина очигледно во добро расположение.

Фото: Моника Белучи на Недела на модата во Париз

Секогаш во центарот на вниманието.

Атрактивната италијанска актерка 54-годишната Моника Белучи уште еднаш се погрижи да ги собере сите погледи на јавноста .

Италијанската убавица во сатенски фустан кој го истакна нејзиниот мал струк се појави пред почетокот на ревијата на „Диор“ на „неделата на модата во Париз“, и нормално го привлече вниманието на сите фоторепортери.

притисни ентер