Сторија на Канал 5: Македонија ретко каде има услови за движење со количка

Ние имаме живот на тркала ја почнуваат својата животна судбина луѓето со параплегија и квадриплегија. Но , каков живот имаме?

Во извештајот за истражување и резултатите од анкетата се покажува дека во македонија ретко каде има услови за движење со количка. Најчесто се што е потребно е на кат, а лифт нема од болници и инситуции.

46 годишната Билјана Наумовска конкурирала за инвалидска пензија работи во Музејот на град Скопје, но веќе болеста и условите не и дозволуваат сама да оди до работа. Верувала дека ќе добие пензија, но ја одбиле поради нецелосна документација. Наумовска прашува како може во овој рок инвалид да ги добие сите документи.

Билјана верува дека институциите ќе го разгледаат нејзиниот случај и ќе и помогнат да добие пензија. Таа со апел дека мора да се поедностават законските решенија за да се добие инвалидска пензија, со цел луѓето во количка да добијат полесно пензија и да имаат услови за живеење.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер