Владата го осуди говорот на Јанко Бачев - Канал 5

Владата го осуди говорот на Јанко Бачев

Во пресрет да референдумот се заострува и реториката. Лавина реакции предизвика јавниот настап на Јанко Бачев кој со навредливи зборови опиша една од заедниците во земјава.

Владата го осуди говорот на Јанко Бачев

Од Владата целосно ја осудуваат вчерашната изјава на лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев. Апелираат до надлежните институции да истражат дали содржи говор на омраза и соодветно да реагираат на истата.

Владиниот портпарол ги повикаа сите политичките субјекти во земјава се изјаснат и да го осудат ваквиот, како што рече,, „недемократски чин“, кој во ваква ситуација, според него, би можел да предизвика насилство во земјава.

Изјавата беше дадена вчера пред Владата кога Бачев како дел од Делегацијата на Кризниот штаб против референдумот побараа финансиски средства од Владата за водење на јавна пропаганда.

На изјавата на лидерот на „Единствена Македонија“ реагираа и останатите партии. За СДСМ истата е чин на омраза и ширење етничка нетрпеливост.

,,СДСМ го осудува вчерашниот говор на омраза, ксенофобија и навреди јавно искажани од претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев. Очекуваме надлежните органи соодветно да постапат, да го санкционираат ваквото неодговорно однесување и бесрамно ширење говор на омраза, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат оти се против секој констатиран говор на омраза.

,,Секој констатиран говор на омраза не го поддржуваме, но воедно тоа не и дава право на власта за притисоци кон формирање мислење што неа и одговара. Потребно е практикување слобода на говор според демократски принципи со почитување на човековите права, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5.

Од говорот на Бачев се огради и претседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева, која присуствуваше на изјавата и чија партија е дел од Кризниот штаб против референдумот.

Од ОЈО за Канал 5 велат по изјава на Бачев ќе постапуваат доколку се утврди дека во конкретниот случај постојат елементи на сторено кривично дело.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„GTA 6“ руши рекорди пред објавувањето: „Take-Two“ најави огромна заработка и изненадување

„Grand Theft Auto 6“ би можел да заработи уште повеќе пари по рекордните предпродажби.

„GTA 6“ руши рекорди пред објавувањето: „Take-Two“ најави огромна заработка и изненадување

„Take-Two“ го објави својот најнов финансиски извештај за инвеститорите, само неколку часа откако ги објави плановите за прикажување на играта на „GTA 6“ на „Netflix“.

Како што се очекуваше, издавачот е многу задоволен од бројот на преднарачки за „GTA 6“ и ја зголеми својата финансиска прогноза за фискалната година.

„Take-Two“ претходно процени дека ќе заработи околу 8 милијарди долари во текот на следната фискална година, благодарение на огромниот поттик од „GTA 6“, која излегува овој ноември. Сега „Take-Two“ очекува да заработи неколку стотици милиони повеќе од тоа.

Еден аналитичар неодамна процени дека преднарачките за „GTA 6“ донеле околу 300 милиони долари досега, но не мислеше дека таа бројка е ни блиску до шпекулираната граница од милион единици. Сепак, се очекува преднарачките да се зголемат откако маркетингот за играта навистина ќе се забрза, што започнува подоцна овој месец со премиера на „Netflix“. „Grand Theft Auto 6“ ќе биде достапна само на конзолите „Xbox Series X/S“ и „PS5“ кога ќе излезе на 17 ноември. Сепак, се очекува „PC“ верзијата на играта да пристигне во рок од една или две години.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Овие ролери немаат никаква врска со возачите, но решаваат еден необичен проблем.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Сообраќајните знаци на холандските автопати имаат друга, прилично необична улога - тие привлекуваат бувови, кои ги користат за набљудување додека ловат глувци покрај патот.

Ова може да биде многу опасно. Кога був ќе одлета од знак и ќе се спушти врз својот плен, тој може да заврши пред возило. Судирот може да биде фатален за птицата, но може да предизвика и сериозна штета на автомобил или камион.

Затоа на некои сообраќајни знаци се инсталирани специјални ротирачки ролери. Тие ги спречуваат бувовите да слетаат на знакот и да останат на него, пишува „Revija HAK“.

Оваа заштита е инсталирана првенствено на делови каде што се регистрирани голем број смртни случаи на бувови. Ова навидум едноставно решение истовремено ги штити птиците и го намалува ризикот за учесниците во сообраќајот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер