Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, околу можностите да се дојде до консензуален кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.
Ова е прва средба на коалицијата предводена од СДСМ. Деновиве е предвидено консултациите да продолжат со партиите коишто се дел од владината коалиција, со парламентарни но и други партии.
Пред седиштето на СДСМ е Ивана Стојановска.