Заев и Димитров непожелни гости кај Иванов

Скандал во вилата Водно. Само две минути траеше средбата Заев - Димитров – Иванов.

Скандал во вилата Водно. Само две минути траеше средбата Заев - Димитров – Иванов.

Шефот на државата го земал Договорот и без да ги сослуша гостите си заминал.

На претседателската фб страна стои дека Иванов ги примил Заев и Димитров, дека средбата траела две минути и дека во текот на денот ќе има обраќање.

Министерот за надворешни работи Димитров  во изјава за Дојче Веле вели дека одлуката на Иванов да ја прекине средбата на која требаше да биде информиран за содржината на договорот со Грција нема да го спречи изнаоѓањето на решение за спорот.

И Владата со соопштение по утринскиот обид за средба во Вилата.

Премиерот Заев и министерот Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и го напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина,стои во соопштението.

Владата ги повика сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. 

Според владиниот портпарол Бошњаковски спомениците од Скопје 2014 нема да се рушат туку ќе го добијат епитетот на хеленистичка култура.

- „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е - Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленистичкиот антички период и како светско културно наследство“, истакна Бошњаковски.

Во меѓувреме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција посочи дека ќе се спротивстави со сите демократски средства на овој договор. Побара оставка од министерот за надворешни работи Димитров.

-Ние ќе живееме со последиците на ова капитулантско дело на Зоран Заев и неговите соработници. Ние ниту имаме право ниту смееме да останеме неми на капитулацијата што деновиве ќе се обидат да ја претстават како победа“, рече Мицкоски.

Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ да не кочат и да дадат поддршка за иднината на земјата и за референдумот.

Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија наназад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш - засекогаш.

Целиот демократски свет, САД, Европската комисија, Европскиот парламент, НАТО, Велика Британија, Австрија, Бугарија, упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството на двете земји, стои во соопштението на СДСМ.

Оспорен легитимитет-дали новоизбраниот претседател на ЗНМ го добил потребното мнозинство?

Недостасуваат 2 гласа, нема победник и треба да се оди на ново изборно собрание за избор на нов претседател на ЗНМ, велат правниците за Канал 5. 

Според статутот на ЗНМ член 34 став 2, вели „Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание, во случајот Младен Чадиковски беше избран со 86 гласови, пред својот противкандидат Столе Наумов, кој освои 77 гласови од 175-те присутни на Изборното собрание на ЗНМ, исход кој што правниците го толкуваат како, нелиегитимен. Адвокатот Јоанидис исто така од правен аспект вели дека оспорување на изборот може да биде од група новинари со жалба до ЗНМ и со тужба до Управниот суд.

Екипата на Канал 5 исконтактира со претходниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани, кој што не сакаше да даде изјава пред камера,телефонски кусо одговори дека изборот на претседател е легитимен, за победа е потребно да се добие мнозинството гласови од присутните на Изборното собрание. За него проблематизирањето на изборot на престедател го потегнале неколку новинари на социјалните мрежи како и direktorite na 5te nacionalni TV stanici clenki na MMA, сите за свој лиен инетерес, а не за интерес на фелата. Со конкретен став најави дека че се обрати на социјалните мрежи.

Дополнителна сенка за изборот на претседател на ЗНМ фрла и фактот што од вкупно 555 членови на Здружението присуствуваа само 175, а на пет дена пред изборот, беше забрането обновувањето на членството за новинарите иако такво нешто не е предвидено во Статутот.

Новинарот Венцо Донев објаснува дека по направениот увид заедно со директорот Драган Секуловски биле утврдени 531 член со право на слас, како биле уфрлени дополнителните до 555 членови и дали некој сака да го продлабочи скандалозниот избор на претседател, одговор побаравме од Драган Секуловски, кој исто така не ни одговори на мобилен  телефон.

Иако се бараше одоложување на изборното собрание, досегашниот претседател Насер Селмани тоа не го дозволи. На избор вчера му претходеа многу сомнителни случувања. Прво, Управниот Одбор , без кворум донесе нелигитимна, нестатутарна одлука дека 5ти Декември 2018 е последен ден за регистрирање на членови на ЗНМ кои ќе имаат право на глас. Дали е направена повреда на постапката, намерно или случајно претседателот на ЗНМ избран на вчерашното редовно изборно собрание на кое од вкупно 555 членови присуствуваа 175, а за него гласаа само 8, ќе треба да се докаже во судска постапка.

Канал 5 ТВ најави дека ќе ја извести Европската Асоцијација на Новинари , за да види дали станува збор за намерна или случајна измама но и ќе ги оспори претходно споменатите постапки кои се спротивни на Статутот на ЗНМ. Исто време и до наделжните институции во РМ при што ќе бара оспорување на овој нелегитимен избор и нелигитимен претседател.

Мицкоски уште еднаш го повика Заев на дуел

Од Гимназија „Кочо Рацин" до плоштадот С'Рмаале низ главните велешки улици до центарот на градот  денеска протестираа граѓани на Велес предводени од лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Потсети дела пред неколку дена од пред платото на Владата го повикал Зоран Заев на дуел и уште еднаш го повика, како што рече да се охрабри да излезе.

-Ајде охрабри се излези, избери медиум, избери водител и јас и ти очи во очи да збориме, му порача Мицкоски на Заев.

Во своето обраќање до присутните тој  им се заблагодари  што одвоиле време  да им се придружат и го искажат како што рече револтот против актуелната власт.

– Кога ве гледам вака, горди, пркосни и исправени пред сите овие неправди кои што оваа ненародна влада, ги води во Република Македонија Овде сум да ви ја пренесам пораката што во изминатите студени денови од декември громогласно се пренесува низ улиците и плоштадите ширум Р.Македонија,а тоа е Македонија е вечна, власта не е, рече Мицкоски

Тој оцени дека во изминатите скоро 19 месеци централна и повеќе од една година локална власт се случуваат само црнила и темнина.

-Многу луѓе ме прашуваат зошто зборуваш за економијата. Ќе зборувам за економијата се додека не им падне срам и додека не им биде жал за сите лаги кои ги изнакажаа ширум Македонија за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017, рече тој и додаде дека на следните претседателски избори ќе бидат тест за власта.

Ја обвини власта дека тргува со правото и правдината. -Зарем тоа е таа правда и правдина која што ја барате. Зарем правдата е Зоран Заев да гледаме и слушаме како бара мито да биде ослободен, а недолжни патриоти да се држат во затвор и по зандани затоа што имале единствена цел а тоа било како да си ја заштитат и одбранат државата. Зарем тоа е правда и правдина. Па сега ќе излагаат и ќе го злоупотребуваат зборот помирување. Какво е тоа помирување кога на дневна основа вршите притисок врз граѓаните на Република Македонија и врз ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека  ќе продолжат  да протестираат ширум плоштадите и улиците. 

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани-Делчево-Берово

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Поради интензивни врнежи од снег на овој патен правец  Македонија пат претходно воведе задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата. 

притисни ентер