Роби Вилијамс на отворањето на Светското првенство во Русија (видео)

Пејачот Роби Вилијамс ќе настапи на церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал во Русија.

По тој повод, популарниот Британец на својот налог на Фејсбук, напиша:

„Многу сум возбуден што ќе се вратам во Русија и ќе настапам на отворањето на Светското првенство! Вклучете се рано во четврток за незаборавно шоу! – им порачал Роби Вилијамс на своите фанови и сите љубители на фудбалот.

Холивудскиот актер и денеска е во среќен брак со 13 години постарата сопруга

Австралискиот актер Хју Џекман е во среќен брак веќе 22 години.

Холивудскиот актер и неговата сопруга Дебора Ли Фурнес се венчаа во 1996 година и се еден од ретките складни бракови во светот на познатите.

Синоќа на доделувањето на Golden Hearth наградите се појавија заедно и докажаа дека љубовта им цвета и после толку години брак.

Сепак, јавноста често ги доживува како контроверзен пар бидејќи Дебора е постара од Хју 13 години.

И покрај тоа, како што знаеме, љубовта не познава години, а токму тоа го докажуваат и они.

Колку многу се сакаат докажува и тоа што актерот постојано пред медиумите изјавува дека неговата сопруга е најдоброто нешто што му се случило во животот.

Откако Дебота два пати го изгубила детето, парот се одлучил да посвои две деца.

Foto: Getty

Мег Рајан претерала со пластични операции

Холивудската актерка Мег Рајан стана светски позната благодарејќи им на романтичните комедии  како што се „"French Kiss", "Kate & Leopold", "You've Got Mail".

Убавата актерка потоа изненадувачки исчезна поради тоа што знаела колку Холивуд е суров кон жените во одредени години од животот, и одлучила да се подмлади. Желбата засекогаш да остане млада дефинитовно скапо ја чинела. .

Мег Рајан на крајот на минатиот век беше миленичка на публиката. Симпатичната русокоса актерка секогаш знаеше како да предизвика насмевка на лицето кај публиката.

Но , по неколкуте пластични операции на лицето  Мег Рајан е непрепознатлива.

-Направила премногу промени. Она веќе не изгледа како Мег рајан што ја знаеме и во која бевме вљубени, изјави режисерот на филмот „ Kate & Leopold“, Џемјс Манголд.

Промената на лицето Мег рајан ја започна со филер за усните, но за жал убавата актерка не застана тука.

Пронајдено местото каде што потонал бродот на легендарниот Џејмс Кук

Археолозите веруваат дека го пронашле местото каде што потонал бродот „Ендевор’ на легендарниот англиски морепловец Џејмс Кук.

Имено, Археолозите од Роуд Ајленд“ сметаат дека бродот се наоѓа близу до брегот на американскиот континент, поточно недалеку од Гоат Ајленд.

Според Фокс Њуз ова откритие би можело да ја реши една од најголемите морски мистерии.

Според истражувачите локацијата на потонатиот „Ендевор“ конечно ќе биде утврдена до 2020 година кога ќе се одбележува 250 годишнина од доаѓањето на Џејмс Кук во Австралија. 

Капетанот Кук на овој брод кој служел за превоз на јаглен во 1768 година го започнал своето патување за мапирање на Тихиот океан.

Токму на овој брод славниот Кук ги исцртал картите на Нов Зеланд и Австралија каде прв пат стапнал во 1770 година.

Инаку  бродот „Ендевор“ заедно со уште 12 бода потонал за време на големата бура во 1778 година и од тогаш му се губи трагот.  

притисни ентер