Турција со авиони и хеликоптери го нарушува грчкиот воздушен простор

Во Егејското море  тензиите се зголемија , објавија грчките медиуми.

Атина објави дека турските воени авиони  го прекршиле 28 пати  воздушниот простор на земјата во изминатите 24 часа.

Грчкиот генералштаб објави дека осум турски борбени авиони од типот  Ф-16, еден од типот  ЦН-235 и осум хеликоптери навлегле во грчкиот воздушен простор.

Во сите случаи, турските авиони беа идентификувани и пресретнати  од грчките воени авиони во согласност со меѓународните правила, рече грчката армија.

Заврши централниот одбор на СДСМ

Предмалку заврши состанокот на централниот одбор на СДСМ на кој разговараше за актуелни прашања во државата и партијата.

Повеќе информации во видеото.

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер