Турција со авиони и хеликоптери го нарушува грчкиот воздушен простор

Во Егејското море  тензиите се зголемија , објавија грчките медиуми.

Атина објави дека турските воени авиони го прекршиле 28 пати воздушниот простор на земјата во изминатите 24 часа.

Грчкиот генералштаб објави дека осум турски борбени авиони од типот Ф-16, еден од типот ЦН-235 и осум хеликоптери навлегле во грчкиот воздушен простор.

Во сите случаи, турските авиони беа идентификувани и пресретнати од грчките воени авиони во согласност со меѓународните правила, рече грчката армија.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

До 9 час. излезноста за претседателските избори е 4, 34 проценти, за парламентарните 4, 66 %

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори. Ќе се гласа до 19 часот..Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица .

Според информациите на Државната изборна комисија до 9 часот излезноста за претсесдателските избори е 4, 34 %., а за парламентарните одзивот е 4, 66 проценти од гласачите. Најмала излезност има во Боговиње.

Пред државната изборна комисија е Елизабета Дамјаноска Спасеновска .Повели Бети со информациите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер