Беса на Касами: Република Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците

 Движењето Беса на Биљал Касами денеска соопшти дека не го прифаќа името Република Илинденска Македонија, како евентуално можно решение на спорот со Грција, соопшти денеска партијата.

- Движењето Беса свесна дека прашањето за решавање на спорот со Грција околу името треба да има што побрз епилог за да ја отвори вратата на Македонија кон зачленувањето во НАТО, го повторува ставот дека секое евентуално решавање на новото име на државата не треба да содржи име кое фаворизира една етничка група или една религија, бидејќи Македонија е држава која по својата општествена реалност е мултиетничка и мултирелигиска, се наведува во соопштението.

Се додава дека „поаѓајќи од фактот дека Грција потврди дека на преговарачка маса е името Република Илинденска Македонија, Беса го изразува својот став дека овба име не ја отсликува мултиконфесионалната реалност на државата и наметнувањето на ова име ќе донесе уште поголеми поделби внатре во државата како и ќе отвори ново поделикатно прашање во етничките и религиозните односи внатре во земјата“.

- Исто така го потсетуваме премиерот Зоран Заев дека формата која тој ја избрал повикувајќи ја на маса само македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остава впечаток дека консензусот кој тој го посакува ја исклучува албанската опозиција која сега го претставува поголемиот дел на албансклата популација во Македонија и секое решавање на прашањето за името без согласност на поголемиот дел на Албанците би отворало уште поголеми проблеми во иднина, се наведува во соопштението на Беса на Биљал Касами.

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС

 Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС).

„Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна изјави дека Бошњаците можат да имаат 25 отсто од територијата. Некои го сфатија ова како простор за етнички инциденти“, рече Шмит во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој посочи дека неговиот мандат е да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор и оти за тоа има поддршка од Советот за безбедност.

„Советот за безбедност повеќе пати искажа поддршка за моето работење. Веќе со нетрпение го очекувам мојот извештај следниот месец“, додаде Шмит.

Тој се осврна на излагањето на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која упати сериозни обвинувања против Шмит, наведувајќи дека во него „не се почитуваат фактите и правната рамка на БиХ“.

„Се надевам дека разбирате дека ова не е место за разговор за навреди, ова е место за разговор едни со други. Повикувам на поголема точност, единственото нешто што го гледам е злонамерност“, рече Шмит.

Тој посочи дека како висок претставник мора да биде гарант за постоењето на ентитети, кои се делови од БиХ, која има меѓународен субјективитет, додавајќи дека РС е составен дел на БиХ. /МИА

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

притисни ентер