Навивачите бараат Милан да го продаде Бонучи

Над 65 проценти од гласачите во анкетата на „Калчомеркато“ се изјасниле навивачите на Милан да го продадат Леонардо Бонучи.
По ова прашање околу 34 проценти бараат тој да остане на „Сан Сиро“.

Одбранбениот фудбалер во Милан дојде од Јувентус минатото лето за 40 милиони евра, а набргу потоа стана и капитен на „росо-нерите“.
Сепак, Бонучи не ги прикажува очекуваните игри и затоа се појавија шпекулации з анегова продажба.

Во последните недели се говори дека Бонучи може да биде продаден уште во зимскиот преоден рок. Интерес за неговите услуги покажуваат Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ./MИА

Руска атлетичарка се онесвестила на тренинг и починала

Тажна вест доаѓа од Русија , каде почина 22 годишната атлетичарка Маргарита Плавунова .

Младата атлетичарка починала среде тренинг во местото Моршанск , во Тамбовската област.

Атлетичарката  се онесвести за време на тренингот откако и се слошило. Руското регионално атлетско здружение соопшти дека причина за смртта е срцев удар, и иако била повикана брза помош, на спортистката и немало спас.

Русинката беше повеќекратен регионален шампион, како и  универзитетски на трките  со пречки на 60 метри. Таа, исто така, се натпреваруваше во трките на 100 и 400 метри со пречки.

На 100 метри нејзиниот најдобар резултат беше 14.06, а покрај спортската кариера, беше и модел.

Шпанските медиуми го најавија мегатрансферот на Нејмар

Со фантастична насловна страна шпанскиот магазин АС веќе го најави мегатрансферот на Нејмар во мадридски Реал.

Шпанските медиуми објавија дека Реал ќе ја чека последната недела на преодниот рок за да го доведе Нејмар , а доколку ПСЖ прифати некоја од понудите на Барселона , веднаш ќе се впушти во аукција.

,,Во Мадрид ги бројат парите” е напишано на насловната страница на АС , каде се најавува огромниот трансфер на Нејмар во Реал. За разлика од Барселона, реал полесно би ја поднел финансиски големата плата на Бразилецот , која изнесува 37 милиони евра.

Видео: „Волшебникот“ Меси повторно тренира

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси повторно е во тренажен процес во кампот на Барселона.

Капитенот на Барса поради повреда на листот на ногата пропушти неколку тренизи, но сега е подготвен за нови успеси на зелениот терен.

Меси се врати на тренинг и веднаш започна со својата магија, да игра во голем стил како да немал повреда на ногата. По секој потег можеше да се забележи колку му недостасувала буба марата .

Фановите на Барселона велат дека нивниот миленик е подготвен да ги „тероризира“ одбраните на противничките екипи.

притисни ентер