Пауел и Симпсон позитивни на допинг тест

Поранешниот светски рекордер на 100 метри Асафа Пауел (Јамајка) и неговата репрезентативна колешка Шерон Симпсон биле позитивне на допинг тест, потврди нивниот агент Пол Дојл.


Тој за агенцијата АП рече дека двајцата атлетичари биле позитивни на забранетата супстанца „оксилофрин“ за време на Националното првенство.

За резултатите од допинг тестот Пауел и Симпсон се известени неодамна.

Пауел има злато со штафетата на Јамајка 4 по 100 метри на Олимпијадата во Пекинг 2008 година, а беше светски рекордер на 100 метри.

Симпсон освоила олимписко злато со репрезентацијата во трката на штафети 4 по 100 метри во 2004 година, и сребро во истата дисциплина 2012. /МИА
притисни ентер