Стартна победа за македонските одбојкари во Мундијалските квалификации

Македонската машка одбојкарска репрезентација со победа над Албанија ги започна квалификациите за Светското првенство.

Како што јави МИА, во СРЦ „Кале’’ во Скопје нашите одбојкари со убедливи 3:0 по сетови 25:19, 25:15 и 25:19 беа подобри од Албанците, во натпревар од групата Д, во која се уште и селекциите на Црна Гора и Украина.

Утре од 18 часот, во рамките од второто коло, репрезенттацијата на Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Црна Гора, а в недела во истиот термин црвено-жолтите ќе играат против Украина.
притисни ентер