Дел Потро се откажа од настапот на Ролан Гарос

Седмо рангираниот светски тенисер Аргентинецот Хуан Мартин дел Порто денеска соопшти дека нема да игра на престојаниот Грен Слем во Париз Ролан Гарос.

Дел Потро поради вирус по настапот на АТП Мастерсот во Рим каде стигна до осминафиналето, викендот  одлучи да се врати во Аргентина и да го посети својот доктор.
Покрај проблемот со вирусот, некогашниот победник на Ју –Ес опен наводно има и проблеми со дишењето.

Дел Потро е вториот тенисер од елитната топ десетка кој се откажа од настапот на Ролан Гарос. Претходно од  вториот годинешен Грен Слем турнир, Ролан Гарос  во Париз се повлече и олимпискиот шампион Енди Мареи.
притисни ентер