Одличен настап на трките во мотокрос во Србија на тројца македонци

Тројцата претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) освоија места на подиумот на натпреварот од Отворениот шампионат на Србија во мотокрос кој викендов се одржа на патеката „Стрелиште“ крај Брус.




Најмладиот наш претставник, 9-годишниот Лука Ристевски одлично се снајде во класата МХ65 и оствари уште една меѓународна победа. Во двете возења тој беше убедливо побрз од домашните натпреварувачи Миодраг Станојевиќ и Милиќ Зимоњиќ.

Во класата МХ85 стартуваа двајца Македонци: Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ.

Најдобар во оваа конкуренција беше Виктор Ивановиќ од Црна Гора, втор заврши Ристевски, а трет Станковиќ.

За македонските мотоциклисти веќе следниот викенд продолжуваат натпреварите од меѓународен карактер. Дел од нив ќе учествуваат на натпревар од Отворениот грчки шампионат во Кожани, а дел на трка во рамките на Отворениот шампионат на Србија во Лесковац.
притисни ентер