Македонија -Белгија 0-2, и понатаму без вистинска реализација

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Белгија со 2:0 вечерва на „Националната Арена Филип Втори Македонски“ во Скопје пред околу 18 илјади гледачи.


Од нашите најдобри фудбалери вечерва на Филип Втори видовме две различни полувремиња, одлично но не ефикасно прво и анемично второ полувреме.
Вечерашниот дуел во Скопје покажа дека во светото на фудбалот постојат мали и големи репрезетации. Силната Белгија не победи со 2-0 без игра, само за да го потврди непишаното правило дека големите репрезетации знаат да победат и без игра.
.
Нашиот национален тим може да жализошто по само 5 минути игра не водеше со 2-0.
Во 45 секунди од средбата во премиерната акција се најде очи в очи со Тибо Куртоа , но голманот на Атлетико Мадрид и Белгија излезе како победник од овој дуел. Многу брзо во шанса е и Иван Тричковски, но неговиот удар со глава повторно не завршува на вистинското место во голот.

Белгијците возвратија преку Бентеке во 10. минута, а потоа и го постигнаа водечкиот гол.

Водечкиот гол за Белгија го постигна Кевин де Бруин во 26. минута по киксот на одбранбениот играч Александар Лазевски кој загуби топка во опасната зона и му овозможи на противничкиот играч да влезе во нашиот шеснаесетник и откосо да го совлада Томе Пачовски.
На полувреме незаслужено се замина со минимална предност на гостите од 1-0.
Кога сите очекувавме силен страт на црвено жолтите во второто полувреме неочекувано веќе ја немаша онаа препознатлива брза игра на избраниците на јаневски од првите 45 минути, во игра меѓу двата шеснаесетника подобро се снајдоа искусните и квалитетни Белгијци.

Една акција во 62 минута по левата страна на фудбалерите на Белгија неочекувано заврши со пенал, Азар е побрз од своите дирекни чувари Лазевски прави прекршок во петерецот за пенал , асот на Челзи е прецизенот од 11 метри Белгија води со 2-0.
До крајот на полувремето и покрај јаловата иницијатива не успеавме посериозно да го загрозиме сигурниот Куртоа. Белгија заслужено патува за Брисел со сите три бода.
Во играта на црвено жолтите и понатаму главен проблем е завршниот удар реализацијата на шансите што не смеат да се пропуштат.

По 5 кола во групата -А македонија со 4 бодови останува на 4 позиција. На првите две места во нашата квалификациска група за пат на Мундијалот во Бразил се фаворитите Белгија и Хрватска со по 13 бодови, селекции кои веќе го напарија првиот голем исчекор кон светскииот шампионат.



На првиот дуел од оваа рунда во групата А, Хрватска во Загреб ја победи Србија со 2:0.

Во тек е последниот дуел од овој круг меѓу Шкотска и Велс.

Табела: Белгија 13 бодови, Хрватска 13 бодови, Србија 4, Македонија 4, Велс 3 (натпревар помалку) и Шкотска 2 (натпревар помалку).

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер