Пратениците и водачите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија остануваат во притвор

Кривичниот совет на скопска единица попладнево ги отфрли жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка со кои пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов издржуваат 30-дневен притвор.

За Сашо Василевски, третиот пратеник кој од понеделникот е во Шутка, дополнително ќе се одлучува. Потврдени се и одлуките за домашен притвор на Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска. Третиот пратеник кој домашен притвор, Љупчо Димовски, воопшто не се жалел.

Во притвор остануваат и водачите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија – режисерто Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски. Одлуката ја донесе Апелација на јавна седница. На Дамовски и Јовановски првично им беше одреден домашен притвор, но потоа по жлабата на обвинителството, одлуката беше преиначена и тие беа пренесени во истражниот затвор.

Обвинителот Момир Маричиќ од Вишо јавно обвинителството и денеска остана на ставот дека само на тој начин ќе се осигура нивното присуство во постапката.

„Сега сите се болни, на лекување, во депресија, на бањи…“, рече обвинителот, посочувајќи дека Дамовски, кој беше водач на граѓанската иницијатива, е еден од главните обвинети во предметот.

Адвокатите на осомничените пак, сметаа дека и со поблага мерка може да се обезбеди непречена истрага за настаните од 27 април.
Адвокатот на Дамовски, Миле Петровски, аргуменитираше дека неговиот клиент уредно се јавил во полициската станица и бил дома кога бил направен претресот.

Адвокатот на актерот Јовановски, Ставре Џиков рече дека нема потреба од притвор, бидејќи осомничениот е јавна личност која не била претходно осудувана и која нема лош углед. „Притворот е казна“, рече Џиков кој утрово бил во посета на Јовановски во истражниот затвор.


Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

притисни ентер