Царовска: Социјалното претприемништво е иднината на економијата во Македонија

Социјалното претприемништво е иднината на економијата во Македонија. Како Влада пристапуваме сериозно кон ова прашање и сакаме да дадеме придонес и кон вработувањето на одредени ранливи групи граѓани, но и да се даде придонес и во реалната економија.

Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во обраќањето на Националната конфереренција и завршен настан на проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“.

- Социјалното претприемништво не го гледаме единствено како можност за отварање работни места, тоа е едната страна на паричката. Другата страна е дека навистина на Македонија и се потребни социјални услуги и развој на истите, рече Царовска.

Многумина, како што посочи, сметаат дека е лесно да се донесе закон за социјално претприемништво, но тоа, според неа, е тотална невистина и додаде оти законот е можно да се усвои кон крајот на 2018 или во 2019, но на тоа треба да претходи стратегија.

- Затоа размислуваме и како Министерство и како Влада да создадеме „еко простор“, во кој социјалните претпријатија ќе бидат безбедни. Важно е и владата и локалните самоуправи да размислуваат како да бидат купувачи на услугите и призводите, се она што ќе речеме дека е направено во однос на социјалните претпријатија, или она што тие го нудат, рече Царовска.

Таа вели дека Законот за јавни набавки е сосема спротивно од тој „еко простор“, и токму и затоа се размислува за транспонирање на ЕУ директивата која ќе обезбеди или ќе има резервирани договори за социјалните претпријатија во земјава.

- Тоа значи дека оние фирми што имаат пет вработени со даден социјален ризик што го утврдува Министерството, да имаат можност само тие да аплицираат до договори до 5.000 евра. Постојат мали набавки кои ги прави секое министерство, локална самоуправа, општествено одговорна компанија, кои можат да бидат резервирани за овие социјални претпријатија, вели Царовска.

Посочи дека со УНДП е направена пилот мерка за поддршка на социјалните претпријатија и оти повикот е во тек.
Барбара Садовска од Полска, лидер на проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“, вели дека преку проектот сакале да ги трансформираат граѓанските здруженија повеќе кон претприемачки организации.

Истакнува дека преку социјалното претприемништво важно е да се вклучат оние кои се изоставени од пазарот на трудот, да се создадат повеќе економски системи со што луѓето ќе можат да обезбедат материјална егзистенција.

- Кога луѓето се на прво место, мисијата е побитна од профитот и настојуваме да најдеме начини како да го изградиме овој концепт, тука во Македонија, вели Садовска.
Во периодот од 18 мај 2016 па се до ноември годинава, проектот финансиран од ЕУ работеше на подобрување на инклузивноста на пазарот на трудот преку создавање нови можности за вработување, преку стимулирање на социјални економски иницијативи. Дополнително, преку обезбедување на приспособена поддршка, проектот ги поддржуваше и постојните социјални претпријатија кон поголема атрактивност и конкурентност.

Проектот придонесе за воспоставување на првата база на податоци на социјални претпријатија во земјава, подобрена соработка, капацитет и вмрежување меѓу сите институции вклучени во креирањето политиките за социјално претприемништво, вклучување на социјалните претпријатија во активните мерки на пазарот на трудот и зајакнување на потенцијалот на постоечките социјални претпријатија во Македонија.

Проектот е имплементиран од страна на ЕПТИСА во конзорциум со ОСБ и Екпертиза Франција, а во партнерство со Министерство за труд и социјална политика.

Ужас во Германија: Закопале бебе во двор на станбена зграда

Германската полиција доцна синоќа добила дојава дека во градината на станбена зграда во населбата Гнуч е закопано бебе.

Тие веднаш дошле на местото на настанот и почнале со ископување, за по некое време да го пронајдат телото на шестмесечно бебе, пишува Билд.

Полицијата засега нема повеќе детали за случајот, освен дека е идентификувана мајката на детето.

Помош во идентификацијата на мајката пружило лице од населбата кое повикало полиција и ја известило за случајот.

Засега не се знае дали детето починало од природна смрт или е убиено.

Истрагата е во тек.

На навивач му се слошило на натпревар на Лигата на шампионите, починал на пат кон болница

Во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите, на Алијанц Арената се одигра натпревар во кој Баерн Минхен победи против Бенфика со голот на Џамал ​​Мусиала за 1:0, но овој натпревар го одбележа несреќен случај. 

Еден човек починал откако му се слошило на натпреварот.

Овој натпревар беше малку необичен од самиот почеток, бидејќи доцнеше 15 минути поради метеж, а потоа за време на натпреварот се случи овој многу немил настан.

Баерн оваа тажна вест ја потврди преку своите јавни медиуми.

- Во Лигата на шампионите славевме против Бенфика со 1:0, но овој натпревар го одбележа еден многу тажен настан. Медицинската служба брзо реагирала кога на еден човек му се слошило на трибините. Еден час по последниот судиски свиреж добивме информација дека навивачот починал на пат кон болница. Баер изразува сочувство до семејството на овој навивач - стои во пораката од Баерн.

Џорџ Клуни на удар на демократите поради поразот на Камала Харис: Дајте ми го

Очајните демократи му се нафрлија на познатиот актер Џорџ Клуни откако Камала Харис ги загуби изборите.

Клуни се најде на удар затоа што бил упорен во барањето Џо Бајден да се откаже од претседателската трка.

Откако стана јасно дека Доналд Трамп победи на изборите во Америка, демократите гледаат кого да обвинат за поразот на Камала. Тие го вперија прстот кон Бајден и Тим Волц, а на удар беше и Клуни, кој бил влијателен во текот на кампањата.

Во јули, познатиот холивудски актер го повика Џо Бајден да ја напушти претседателската кампања во Њујорк Тајмс, пишувајќи: „Нема да победиме во ноември со овој претседател“.

Џорџ Клуни подоцна го пофали Бајден дека е „несебичен“ кога објави дека ќе се повлече на 21 јули, оставајќи ја Камала Харис да започне 107-дневна кампања со надеж дека ќе го победи Трамп.

Таа кампања дојде до горчлив крај, бидејќи Трамп обезбеди неверојатно враќање во Белата куќа. Во моментов има 294 електорски гласови.

Оттогаш, Клуни е на удар на демократите и е опасно огорчен од повикот Бајден да се повлече од претседателската трка.

Групата политички аналитичари altNOAA на платформата X објавија: „Некој да ми го донесе Џорџ Клуни, треба да...зборуваме“.

Новинарот Џошуа Хартли објави фотографија од делот на Клуни од Њујорк Тајмс и додаде: „Ти благодарам Џорџ Клуни“.

Еден корисник на X напиша: „Трамп не треба да заборави да им се заблагодари на познатите личности од Холивуд. Особено на Џорџ Клуни“.

Еден обожавател на Доналд Трамп, исто така, го исмевал актерот, пишувајќи: „Само што ми текна дека не му оддадовме на Џорџ Клуни заслуга за оваа победа!

Потрагата по виновникот продолжи доцна во ноќта синоќа, бидејќи доверливите лица на Бајден им кажаа на новинарите на Белата куќа дека ја сметаат поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за одговорна за излегувањето на Бајден од трката.

Изворите на „Бајденворлд“ тврдат дека не само што претседателот требало да остане во трката, туку и да ги придобие гласачите од белата работничка класа кои Харис во голема мера му ги „отстапил“ на Трамп.

Обвинувањата дека Ненси Пелоси го извадила Бајден од трката може да се споредат со Бајден кој го обвинува Барак Обама за барањето Хилари Клинтон да се кандидира во 2016 година.

притисни ентер