Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање - Канал 5

Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање

Од правилно чистење на лицето и користење салицилна киселина до ретиноиди и професионални третмани – претставуваме методи што можат да помогнат кај упорните црнки.

  Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање

Црнките се еден од оние проблеми со кожата што постојано се враќаат, дури и кога редовно го чистите лицето. Најчесто ги забележуваме на носот, брадата и челото, каде што порите полесно се затнуваат поради таложење на себум и мртви клетки на кожата. Прво нешто што многумина го прават е нивно истиснување, но ова може дополнително да ја иритира кожата и да го зголеми ризикот од воспаление и лузни. Сепак, со соодветна нега, преку професионален третман, нивниот број може да се намали.

Како да се ослободите од митесерите?

Постојат неколку начини што можат да помогнат.

1. Редовно, но нежно чистење на лицето

Чистењето на лицето е основен чекор во справување со митесерите. Себумот, нечистотиите и остатоците од шминка можат да се наталожат на кожата и да придонесат за затнување на порите.

2. Пробајте салицилна киселина

Салицилната киселина е честа состојка што се користи за третирање на митесери. Таа помага во отстранувањето на мртвите клетки на кожата и спречува затнување на фоликулите.

Достапна е во разни производи за нега на кожата, како што се средства за чистење и лосиони. Ако штотуку почнувате да ја користите, се препорачува да започнете со пониска концентрација – од околу 0,5% до 2% – за да ѝ овозможите на кожата постепено да се навикне. Резултатите можеби нема да бидат веднаш видливи, па затоа е важно редовното користење според упатствата на производот.

3. Размислете за ретиноиди

Ретиноидите – деривати на витаминот А – можат да помогнат во елиминирањето на црните и белите митесери и да спречат затнување на порите. Некои се достапни без рецепт, додека за други е потребен лекарски рецепт. Ретиноидите можат да предизвикаат лупење и промена на бојата на кожата, особено на почетокот на употребата. Користењето секој втор ден или во комбинација со хидратантна крема може да помогне во намалувањето на овие несакани ефекти.

4. Не претерувајте со ексфолијацијата

Ексфолијацијата може да помогне во отстранувањето на мртвите клетки на кожата и намалување на митесерите, особено на носот и брадата. Постојат два вида: механички и хемиски ексфолијанти.

Механичката ексфолијација користи абразивни честички за отстранување на мртвите клетки, но не е погодна за сите типови кожа – особено не за чувствителната кожа. Ако ја користите, не претерувајте, доволно е еднаш или двапати неделно, а потоа нанесете хидратантна крема.

Хемиската ексфолијација користи активни состојки како што се AHA, BHA или PHA киселини кои помагаат во отстранувањето на мртвите клетки и контролата на вишокот себум.

5. Внимавајте на производите што ги користите

Ако сте склони кон појава на митесери, избирајте производи за нега на кожата кои се некомедогени – што значи дека се формулирани така што помалку ги затнуваат порите. Не мора да ја избегнувате шминката, но важно е да ја отстраните на крајот од денот. Редовната употреба хидратантна крем е исто така важна за одржување на кожата, дури и ако имате мрсна кожа.

Дали помагаат домашните третмани?

Постојат разни домашни методи за отстранување митесери, но треба да ги користите внимателно за да избегнете дополнително иритирање на кожата.

Топлата пареа може да го омекне наталожениот себум и да го олесни чистењето на кожата. Ако го користите овој метод, доволно е лицето да го изложите на пареа 5-10 минути еднаш неделно

Некои луѓе користат и пилинзи направени од овесни снегулки, шеќер или сол. Овесните снегулки содржат сапонини со антимикробни својства, а нивната малку груба текстура може да делува како ексфолијант. Сепак, тие можат да предизвикаат иритација кај чувствителната кожа.

Маслото од чајно дрво е уште една опција што често се спомнува; тоа може да го спречи или запре растот на бактериите. Се спомнува и зелениот чај, бидејќи неговите влажни листови можат да помогнат во намалувањето на производството на себум. Се користи и манука мед, благодарение на неговите антибактериски и антиинфламаторни својства.

Што треба да избегнувате?

Иако стискањето на митесерите е примамливо, тоа не се препорачува. Притискањето можеби нема да ја отстрани целата содржина, а всушност може да го турне митесерот подлабоко во кожата.

Освен тоа, со ноктите може да внесете бактерии или дополнителен себум во отворот на фоликулот, што потенцијално може да ја влоши состојбата. Прекумерниот притисок може да предизвика воспаление, иритација, па дури и лузна. Не треба сами да се обидувате да отстраните особено длабоки митесери.

Кога треба да посетите дерматолог?

Ако митесерите не реагираат на производите што се достапни без рецепт или ако нивниот број се зголемува, време е да отидете на дерматолог кој ќе ви препорача соодветен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка.

Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот.

Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември.

„Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството.

На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер