Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
1Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала
МакедонијаНБРМ: Незаконско вложување во виртуелни или крипто валутиНародната банка на Република Македонија денеска преку соопштение укажува дека според домашната важечка регулатива вложувањето од правни и физички лица резиденти на Македонија во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци. Укажувањето од НБРМ следи по објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута. Централната банка досега неколку пати укажува на внимателност во однос на понудите кои доаѓаат преку електронските медиуми за купување и тргување со дигиталните (крипто) валути. Дигиталните валути, како што наведува НБРМ, земаат сѐ поширок замав во светски рамки и интересот за нив сѐ повеќе расте, водено од високите и растечки приноси, без да се има јасна слика што значат точно вложувањата во крипто валутите и кои се ризиците коишто ги носат тие. Некои дигитални валути имаат елементи на пирамидални шеми, како што е случајот со Уанкоин (OneCoin), при што во неколку земји од Европа беа објавени предупредувања или беа започнати истраги во однос на вложувањата во Уанкоин. Од друга страна, некои криптовалути, како на пример биткоинот, се прифатени и се во примена во одредени земји. - Народната банка повторно укажува на ризиците кои произлегуваат од ваквите вложувања, бидејќи средството кое овозможува многу високи приноси, вообичаено носи и големи ризици за загуба. Поради рапидното зголемување на интересот за инвестирање во виртуелните (крипто) валути, нивната цена многу брзо расте, а финансиско средство чија вредност многу брзо се зголемува станува шпекулативно, односно меур кој порано или подоцна ќе пукне, се вели во соопштението НБРМ. Според информациите од интернет, посочува централната банка, на почетокот на 2010 година цената на еден биткоин изнесувала 0,003 долари, а денес изнесува преку 2.500 долари, или само за неколку месеци од 2017 година цената на еден биткоин се зголемила за близу 300 проценти. Вредноста на крипто валутите се менува главно врз основа на побарувачката за нив, така што и пазарот за нив е нестабилен. Доколку опадне популарноста на крипто валутата, соодветно ќе се намали и нејзината вредност. НБРМ ги повторува и останатите ризици во трансакциите поврзани со купувањето, чувањето и разменувањето крипто валути. - Тргувањето со дигиталните валути се врши преку платформи кои најчесто не се регулирани и чиишто правила за работење се предмет на чести измени, па дури и запирање со работа без најава ниту објаснување. Не постои никаква правна заштита за средствата кои се вложени преку овие софтверски платформи, ниту пак постои механизам за обесштетување на клиентите, како што е тоа случај со депозитите вложени во банка која има дозвола за основање и работење издадена од гувернерот на Народната банка. Купените крипто валути се чуваат на виртуелна сметка или т.н. дигитален паричник, кој е и најчеста мета на хакерските напади, што може да предизвика директна загуба за вложувачите, објаснува НБРМ. Учесниците во трансакциите со виртуeлните валути, укажува НБРМ, најчесто се анонимни и трансакциите не може да се следат, што вообичаено создава сомнеж дека може да бидат поврзани со криминални активности, перење пари, финансирање тероризам.. Доколку се појават вакви сомневања, надлежните органи според своите законски овластувања, можат да ја блокираат платформата и да ги замрзнат средствата, што покрај финансиската загуба, може да влијае и врз интегритетот на вложувачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЖивотРусија издаде меѓународна потерница за апсење на основачот на „Телеграм“Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поднесе обвиненија против основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, и издаде меѓународна потерница за негово апсење. Тој е обвинет за олеснување на терористички активности; оваа вест во средата ја пренесе агенцијата „Интерфакс“, пишува „Ројтерс“. Според извештаите на руските државни медиуми од март, ФСБ тврди дека од почетокот на војната во Украина, преку „Телеграм“ биле извршени повеќе од 153.000 кривични дела. Меѓу нив, како што наведуваат, има околу 33.000 случаи поврзани со саботажа, тероризам и екстремизам – како што се организирање експлозии, подметнување пожари во воени објекти и убиства. Дневниот весник во државна сопственост „Росијскаја газета“, повикувајќи се на материјали од ФСБ, тврди дека благодарение на работата на безбедносните служби биле спречени 475 терористички напади, наводно планирани преку „Телеграм“. Според истите наводи, оваа бројка вклучува 61 планиран напад врз училишта. Руските власти исто така тврдат дека терористичкиот напад врз концертната сала „Крокус сити хол“ во март 2024 година бил координиран преку „Телеграм“. Понатаму, тие наведуваат дека апликацијата се користела за собирање податоци за руски воени претставници, блогери и нивните семејства, вклучувајќи информации за нивното движење и секојдневни навики. Според Москва, регулаторното тело „Роскомнадзор“ во последниве години испратило повеќе од 150.000 барања до „Телеграм“ за отстранување незаконска содржина, но компанијата наводно ги игнорирала. Руските власти инаку, уште во февруари го прогласија „Телеграм“ за закана по националната безбедност. Павел Дуров тогаш го обвини Кремљ за ограничување на пристапот до апликацијата со цел да ги принуди граѓаните да ја користат државната апликација за пораки „МАКС“ (MAX), која Москва ја претставува како безбедна домашна алтернатива на „Телеграм“ и „Ватсап“. Истовремено, во неколку руски градови беа забележани прекини и забавување на работата на „Телеграм“. Според „Киев пост“ (Kyiv Post), руските власти постепено ги насочуваат корисниците кон апликацијата „МАКС“, додека некои руски воени блогери предупредуваат дека станува збор за технички полошо и помалку безбедно решение, кое не поседува енд-ту-енд (end-to-end) енкрипција.Тагови: русија Телеграм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗемјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скалаУтрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија.Утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, 4.0. соопшти Сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во скопје,земјотресот е почувствуван од жителите на градот струга и околината, со интензитет од три степени според европската макросеизмичка скала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветСе зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на ЈапонијаСе зголемува бројот на загинати во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија.Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“. Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу луѓе се заробени. Се урнаа најмалку 18 куќи во градот Хикава и има жители кои сè уште се заробени во две од овие куќи. Јавниот радиодифузен сервис, исто така, објави дека пожарникарите и војската спроведуваат спасувачки операции и ги расчистуваат оштетените згради. Земјотресот, кој според Геолошкиот завод на САД е проценет на 6,8 степени по рихтер, го погоди островот кјушу во во вторникот.Тагови: земјотрес јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20