МакедонијаНБРМ: Незаконско вложување во виртуелни или крипто валутиНародната банка на Република Македонија денеска преку соопштение укажува дека според домашната важечка регулатива вложувањето од правни и физички лица резиденти на Македонија во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци. Укажувањето од НБРМ следи по објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута. Централната банка досега неколку пати укажува на внимателност во однос на понудите кои доаѓаат преку електронските медиуми за купување и тргување со дигиталните (крипто) валути. Дигиталните валути, како што наведува НБРМ, земаат сѐ поширок замав во светски рамки и интересот за нив сѐ повеќе расте, водено од високите и растечки приноси, без да се има јасна слика што значат точно вложувањата во крипто валутите и кои се ризиците коишто ги носат тие. Некои дигитални валути имаат елементи на пирамидални шеми, како што е случајот со Уанкоин (OneCoin), при што во неколку земји од Европа беа објавени предупредувања или беа започнати истраги во однос на вложувањата во Уанкоин. Од друга страна, некои криптовалути, како на пример биткоинот, се прифатени и се во примена во одредени земји. - Народната банка повторно укажува на ризиците кои произлегуваат од ваквите вложувања, бидејќи средството кое овозможува многу високи приноси, вообичаено носи и големи ризици за загуба. Поради рапидното зголемување на интересот за инвестирање во виртуелните (крипто) валути, нивната цена многу брзо расте, а финансиско средство чија вредност многу брзо се зголемува станува шпекулативно, односно меур кој порано или подоцна ќе пукне, се вели во соопштението НБРМ. Според информациите од интернет, посочува централната банка, на почетокот на 2010 година цената на еден биткоин изнесувала 0,003 долари, а денес изнесува преку 2.500 долари, или само за неколку месеци од 2017 година цената на еден биткоин се зголемила за близу 300 проценти. Вредноста на крипто валутите се менува главно врз основа на побарувачката за нив, така што и пазарот за нив е нестабилен. Доколку опадне популарноста на крипто валутата, соодветно ќе се намали и нејзината вредност. НБРМ ги повторува и останатите ризици во трансакциите поврзани со купувањето, чувањето и разменувањето крипто валути. - Тргувањето со дигиталните валути се врши преку платформи кои најчесто не се регулирани и чиишто правила за работење се предмет на чести измени, па дури и запирање со работа без најава ниту објаснување. Не постои никаква правна заштита за средствата кои се вложени преку овие софтверски платформи, ниту пак постои механизам за обесштетување на клиентите, како што е тоа случај со депозитите вложени во банка која има дозвола за основање и работење издадена од гувернерот на Народната банка. Купените крипто валути се чуваат на виртуелна сметка или т.н. дигитален паричник, кој е и најчеста мета на хакерските напади, што може да предизвика директна загуба за вложувачите, објаснува НБРМ. Учесниците во трансакциите со виртуeлните валути, укажува НБРМ, најчесто се анонимни и трансакциите не може да се следат, што вообичаено создава сомнеж дека може да бидат поврзани со криминални активности, перење пари, финансирање тероризам.. Доколку се појават вакви сомневања, надлежните органи според своите законски овластувања, можат да ја блокираат платформата и да ги замрзнат средствата, што покрај финансиската загуба, може да влијае и врз интегритетот на вложувачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ФудбалВинисиус сака да остане во Реал Мадрид Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор одлучил да остане во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Иако летово шампионот на Премиер лигата Арсенал покажа огромен интерес за негово ангажирање сепак популарниот Вини истакнал дека не сака да замине од Мадрид. Новиот предводник на кралевите Жозе Мурињо смета дека Бразилецот е клучен играч за него и направи сè што е во негова моќ за да го убеди да остане во Мадрид, пренесува „Скај Спортс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регионПродолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, проект што го реализира ЈП за државни патишта и Македонијапат со инвестиција вредна над 50 милиони денари. Со оваа значајна инвестиција ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување, ќе се олесни секојдневното движење на жителите и ќе се создадат подобри услови за локалниот развој. Продолжуваме со инвестиции кои значат поквалитетна патна инфраструктура и подобри услови за живот за граѓаните, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИталијанска вечер на „Охридско лето“Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија. Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија. Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро. Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter