РецептиРецепт за највкусни галети што мирисаат на детството – Меки, сочни и готови за час!Постапката е едноставна, а успехот загарантиран.Постапката е едноставна, а успехот загарантиран. Галети се оние колачиња што се прават брзо, а дома прават атмосфера како да е недела попладне. Крцкави однадвор, меки однатре со благ мирис на ванила, одлични за со кафе, чај, млеко, или како слатка ужина што ја сакаат и децата и возрасните. Најубави се додека се сè уште топли, a нивната предност е и во тоа што може да стојат неколку дена, само треба да ги чувате во кутија со капак. Ако сакате едноставни рецепти без многу состојки, ова е вистинскиот избор за вас. Состојки: 4 јајца 200 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 200мл масло 200 мл млеко 500 грама брашно 1 кесичка прашок за печиво прстофат сол Рендана кора од лимон, по желба Подготовка: Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не стане светла и пенеста. Додајте масло и млеко, па продолжете да матите додека смесата не се соедини. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Сувите состојки постепено додавајте ги во смесата со јајца и мешајте полека. Ако сакате посвеж мирис, додајте малку кора од рендан лимон. Смесата треба да биде погуста од смеса за палачинки, но не премногу тврда. Ако ви делува ретко, додајте уште една - две лажици брашно. Ако е премногу густа, истурете малку млеко. Апаратот за вафли добро загрејте го и полека намачкајте го со масло пред првата тура. Истурете една поголема лажица од смесата во средина на калапот, затворете го апаратот и печете неколку минути додека вафлите не поруменат. Времето на печење зависи од апаратот, најчесто се доволни 3 до 5 минути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на ЈапонијаСе зголемува бројот на загинати во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија.Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“. Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу луѓе се заробени. Се урнаа најмалку 18 куќи во градот Хикава и има жители кои сè уште се заробени во две од овие куќи. Јавниот радиодифузен сервис, исто така, објави дека пожарникарите и војската спроведуваат спасувачки операции и ги расчистуваат оштетените згради. Земјотресот, кој според Геолошкиот завод на САД е проценет на 6,8 степени по рихтер, го погоди островот кјушу во во вторникот.Тагови: земјотрес јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализиИ по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила .И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила се додека официјално не бидат добиени три последователни исправни лабораториски анализи кои ќе ја потврдат нејзината безбедност.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава Иран лансираше „повеќе“ балистички ракети во „обид за ненадеен напад“ врз американските сили на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што се прекина затишјето во борбите.Сите ракети беа „успешно пресретнати“, соопшти централната команда на сад . Иран соопшти дека целта била американска база во јордан.во меѓувреме, американската војска и силите на Саудиска Арабија ги нападнаа „терористите поврзани со Иран“ во Ирак, како одмазда за нападите со беспилотни летала. Новите напади ставија крај на краткиот прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, кој имаше за цел да ги врати преговарачите на масата за преговори. Иранската исламска револуционерна гарда, исто така соопшти дека погодила три танкери за нафта во Ормутскиот теснец, според новинската агенција ТАСНИМ. Цените на нафтата пораснаа утринава поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот би можела дополнително да го наруши транспортот на енергија низ теснецот. Во утринското тргување во Азија, глобалната референтна цена на суровата нафта од типот брент порасна за 4,3% на 87,70 долари за барел, додека нафтата што се тргува на американскиот пазар беше повисока за 4,2% на 82,62 долари. Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20