Жерновски: Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија
2Жерновски: Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија
Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
2Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
МакедонијаСДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорностПо епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања.Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо. Потоа ги криеја податоците од јавноста. Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести. Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и навремена реакција, добија политички калкулации, прикривање информации и префрлање на одговорноста. Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место, а партиските интереси и тендерите – на прво. Јавноста сè уште нема добиено официјален и потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Врз основа на кои параметри е утврдено дека водата е безбедна за употреба? СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста. А за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, директорите на локалните центри за јавно здравје и сите што знаеле, а криеле, што не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Шакира пристигна во град погоден од земјотрес и вети дека ќе ги обнови училиштатаСветската музичка ѕвезда, пејачката Шакира синоќа ненајавено пристигнала во Кибдо, главен град на колумбискиот департман Чоко, каде што ги посети училиштата оштетени од разорниот земјотрес, разговараше со учениците и се фотографираше со нив.&nЗа време на посетата, таа најави планови за помош при обновата на најмалку 10 училишта во еден од најсиромашните региони во Колумбија, кој претрпе големи штети од земјотресот што се случи минатата недела. „Најмногу ме загрижува тоа што училиштата можеби нема да бидат обновени откако ќе помине оваа вонредна состојба. Секој ден што децата го пропуштаат на училиште е ден во кој се лишени од својата иднина“, рече таа. Во придружба на Шакира биле Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет. Неговата фондација, „Фондацијата Хауард Г. Бафет“, ќе соработува со организацијата на Шакира, *Fundación Pies Descalzos*, во активностите за обнова на училиштата. За време на посетата, Бафет кратко изјави: „Кога таа ќе повика, јас доаѓам“. Пејачката исто така најави дека лично ќе учествува во реновирањето на локалниот технолошки универзитет во Чоко. Фондот за образование „Global Citizen“ на ФИФА и компанијата „Live Nation“ ветија средства во вкупен износ од 500.000 долари за реновирање на училишта и за враќање на децата во училниците, додека развојната банка CAF ќе обезбеди дополнителни 250.000 долари. View this post on Instagram A post shared by Shakira Planet | Fan Account (@shakira.planet) Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија на 10 август. Според надлежните, загинаа најмалку 287 лица, а уништени се повеќе од 26.000 домови, додека 194 лица се водат како исчезнати. Регионалните власти во Чоко соопштија дека во таа провинција се уништени најмалку 3.100 куќи и дека се оштетени повеќе од 265 образовни објекти. Шакира истакна дека нејзината фондација работи во Чоко веќе 22 години и управува со две училишта кои ги завршиле стотици ученици. Подоцна беше појаснето дека нејзиното ветување се однесува на реконструкција на 10 постоечки училишта, а не на изградба на нови објекти.Тагови: земјотрес Колумбија Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
БалканПриведени четири лица во Хрватска: Подметнати десет пожариПолицијата приведе четири лица, меѓу кои и 33-годишна државјанка на Полска, под сомнение за намерно подметнување десет пожари во Задарската жупанија.Полициски службеници од Полициската управа во Задар спроведоа кривична истрага против тројца хрватски државјани на возраст од 46, 45 и 42 години и 33-годишна полска државјанка под сомнение за подметнување пожари на десет локации во Задарската жупанија. Полицијата се сомнева дека сите четири лица, според претходен план и меѓусебен договор, намерно подметнале пожари на вкупно десет локации во Задар и пошироката Задарска жупанија на 14 и 15 август. Според резултатите од истрагата, тие ги предизвикале пожарите со користење на топлинска енергија од отворен пламен или парчиња запалив материјал со запалка, со цел да го загрозат животот и имотот од голема вредност на штета на голем број од населението на Задарската жупанија. Врз основа на наредбата на надлежниот истражен судија на Окружниот суд во Задар, извршени се претреси во домовите и другите простории и возила што ги користеле осомничените. Полициските службеници од 42-годишникот конфискувале полуавтоматска пушка со 44 куршуми, додека од 46-годишникот конфискувале пиштол и неколку мобилни уреди. По спроведената кривична истрага, осомничените во законскиот рок биле предадени на надзорникот за притвор на Полициската управа Задар. Извор: Б92Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖерновски: Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во МакедонијаДенеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. Ние ова, го знаат тоа граѓаните, го знаат и почитуваните претставници на медиумите го информиравме на ова укажувавме уште пред два месеца. Значи токму во моментов додека ја држиме оваа прес- коференција во тек е операција за преземање на медиумскиот простор и медиумите воопшто во Македонија по моделот што Вучиќ веќе го воспоставува во Србија. Како што можевте да го знаете вчера кај нашиот северен сосед веќе е завршена продажбата на медиумите од Adria News Network на инвестициската група Alpac Capital. Во оваа медиумска група се Н1, Нова, Радар, Forbes Srbija и Данас. Ајде да објасниме на граѓаните што всушност се случува. Кој стои и со кого е поврзан Alpac Capital? Соработник, советник и пријател на кој друг ако не на Виктор Орбан. Истата Alpac Capital во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews. Подоцна беше обелоденото дека за 45 милиони евра за таа трансакција дошле од унгарски државен фонд, а уште 12,5 милиони евра биле обезбедени преку компанија поврзана со комуникациските операции на унгарската влада. Значи ние денеска и воопшто не зборуваме за изолирани и неповрзани бизнис зделки. Зборуваме за еден концепт, зборуваме за еден проект преку којшто треба да се воспостави тотално контрола на медиумскиот простор во нашата земја. Тој концепт е според нас, според она што го гледаме всушност доградување на режим ко јшто се воспоставува во нашата држава. Истиот модел веќе сега како како што се спроведува во Србија, се спроведува и кај нас. Неслучајно тоа неколку пати го зборувавме унгарската 4iG ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија. Ете полека како се воспоставува целиот концепт и целиот проект и целиот модел за којшто зборувавме наназад. Затоа и предупредувавме дека ова прашање не смее да се гледа како некоја обична тема туку да се гледа многу посериозно. А на големо се реализира и влезот и ширење на медиумите од страна на српскиот свет, блиски до власта на Вучиќ. Затоа неслучајно во два наврати, две години по ред извештаите од Брисел, кога ќе кажам Брисел мислам на сите институции и Европскиот Парламент и Европската Комисија зборуваат за постоење, функционирање и влијание на српскиот свет во Македонија. Информациите со кои располагаме укажуваат дека еден од плановите е преку Ало групацијата да се влезе и во телевизискиот простор во Македонија. Како една од порвите опции се разгледува преземање на сопствеништвото на Наша ТВ. Во операцијата клучна улога ќе има познатата Ивана Талеска со проектот Euronews кој започна во септември. Ако веќе доаѓаме до тоа име, секако доаѓаме и до Латас кој што е директивен извршител на политиката на Мицкоски. Значи почитувани граѓани, кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да ги фати медиумите за гуша и да воспостави контрола врз нивното работење и воопшто врз јавниот простор во нашата држава. Денешната прес-конференција ја држиме токму на оваа тема, затоа што власта воспоставува политичко влијание врз институциите и се разбира како што кажав следна цел јавниот простор. Некој ќе праша зошто. Зошто власта го прави ова? Многу едноставно власта го прави ова за да нема кој да прашува, да нема кој да постави прашање за криминалите, за тендерите, за немањето реформи, затоа што немаме европска перспектива или со еден збор ако сакате почитувани граѓани се воспоставува контрола за да нема кој да ја каже вистината во оваа земја и тоа е она што се случува. Целта е јасна граѓаните да добиваат само една вистина. Вистина којашто ќе се сервира како единствена. Сетете се на омилените фрази на премиерот кој што од почеток на мандатот зборуваше за цитирам тоа е првпат некој да спомене во светот такво нешто за вистинската вистина. За жал не чека медиумски мрак. За жал не чека еден демократски живот во наводници демократски без слободни медиуми, без критика и без вистина. Тука сме ние, тука е СДСМ. Дали е сега јасно зошто радарот Муцунски имаше интервју токму за Euronews ? Јасен е веќе концептот. Да завршам со тоа дека ова не е само прашање кој ќе биде сопственик на некоја телевизија или портал, ова е контрола на јавниот простор во нашата држава. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00