Приказната на Луана Вард: Запознава богати мажи со убави жени - тоа не е проституција!

Луана Вард запознава убави девојки со богати мажи но вели целта е само една - тие да стапат во брак!

Луана вели дека тоа во никој случај не е облик на проституција - таа им помага на луѓето да најдат вистинска љубов, а за својата услуга наплатува неверојатни 15 000 долари!

- Во мојата агенција се богати и убави луѓе. Ако сакате квалиетт, моарте тоа да го платите. Ова не е никаква проституција, ова функционира како сајтовите на кои луѓето сами се запознаваат, само што овде имаат посредник па се е сигурно. Нема страв на кого се можете да налетате - вели Луана.

Таа почнала да се занимава со оваа работа во Перт, кога имала 19 години, а потоа на 23 години отворила своја агенција.

- Цел живот го посветив на работата. Кој ќе дојде кај мене нема да погреши. А доаѓаат различни, нема да верувате, славни, политичари - вели таа.

Луана вели дека нејзини клиенти се богатите мажи и убавите девојки. Тие кои бараат личност оставаат насоки, а Луана праќа фотографии и карактеристики на личноста за која смета дека ќе му биде добар пар. Ако се допаднат еден на друг им организира состанок.

- Повеќето од мажите кои ме контактираат имаат јахти, па пожелно е девојката да сака бродови. Често организираме журки на јахтите, па повеќе парови одеднаш се запознаваат - вели Луана.

- Целта е да ја најдат љубовта на својот живот. Мажите воглавно не бараат девојката да има пари, бараат да биде духовита, пријатна, да имаат заеднички интересирања. Жените од друга страна бараат некоја сигурност и добар човек на кој може да сметаат - вели Луана.

Таа вели дека е најсреќна кога оние што ги запознала ќе стапат во брак.

- Има ли поубава работа од фактот дека баш вие ги пронаоѓате сродните души! - вели Луана за својата работа.

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

притисни ентер