351. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
2Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотПриказната на Луана Вард: Запознава богати мажи со убави жени - тоа не е проституција!Луана Вард запознава убави девојки со богати мажи но вели целта е само една - тие да стапат во брак!Луана вели дека тоа во никој случај не е облик на проституција - таа им помага на луѓето да најдат вистинска љубов, а за својата услуга наплатува неверојатни 15 000 долари! - Во мојата агенција се богати и убави луѓе. Ако сакате квалиетт, моарте тоа да го платите. Ова не е никаква проституција, ова функционира како сајтовите на кои луѓето сами се запознаваат, само што овде имаат посредник па се е сигурно. Нема страв на кого се можете да налетате - вели Луана. Таа почнала да се занимава со оваа работа во Перт, кога имала 19 години, а потоа на 23 години отворила своја агенција. - Цел живот го посветив на работата. Кој ќе дојде кај мене нема да погреши. А доаѓаат различни, нема да верувате, славни, политичари - вели таа. Луана вели дека нејзини клиенти се богатите мажи и убавите девојки. Тие кои бараат личност оставаат насоки, а Луана праќа фотографии и карактеристики на личноста за која смета дека ќе му биде добар пар. Ако се допаднат еден на друг им организира состанок. - Повеќето од мажите кои ме контактираат имаат јахти, па пожелно е девојката да сака бродови. Често организираме журки на јахтите, па повеќе парови одеднаш се запознаваат - вели Луана. - Целта е да ја најдат љубовта на својот живот. Мажите воглавно не бараат девојката да има пари, бараат да биде духовита, пријатна, да имаат заеднички интересирања. Жените од друга страна бараат некоја сигурност и добар човек на кој може да сметаат - вели Луана. Таа вели дека е најсреќна кога оние што ги запознала ќе стапат во брак. - Има ли поубава работа од фактот дека баш вие ги пронаоѓате сродните души! - вели Луана за својата работа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамФолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакалФолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти. Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност. Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој. На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години. Извор: Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook