Последните информации велат дека нашата жалба сепак е одбиена, иако ниту на официјалната страна на ФИБА Европа ( http://www.fibaeurope.com/default.asp ), ниту пак на официјалниот сајт на европското првенство ( http://www.eurobasket2013.org/en/ ) нема ниту збор за жалбата на Македонија, а уште помалку ОФИЦИЈАЛНА информација за одлуката на Жалбената Комисија!
Кога во еден систем/институција е дозволено да постои „правниот“ лек жалба, нормално е да се постапува по истата, што очигледно не е случај со ФИБА Европа. Комисијата наводно изјавила дека „според Правилата на ФИБА Европа, снимка не може да се прегледува за да се промени конечен резултат на еден натпревар". Се поставува прашање, ако не може да се прегледа видео снимка за да се утврди фактичка ситуација и повреда на правилата на кошарката на еден страшно значаен натпревар, на едно ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО...зошто воопшто постои можност за жалба?
На официјалниот сајт на ФИБА Европа, во делот за податоците за самата организација, видливо е дека постои Жалбена комисија составена од Претседател, Заменик Претседател и Членови, меѓу кои и еден Македонец - Ѓорги Пиперков (
http://www.fibaeurope.com/cid_CFWPlnAzGPMM8,JBfH6wR2.html) која самата си ги пропишала принципите на својата работа, и која би требала да решава по жалбите.
Колку за споредба, КАКО треба и КАКО функционира една сериозна европска куќа на еден спорт, во овој случај УЕФА.
Долниот линк е едно известување на дисциплинкста комисија на УЕФА, кое содржи комплетни податоци и критериуми за решавање на проблем како и конечна одлука.
http://www.uefa.com/uefa/disciplinary/news/newsid=1967131.html
Долното видео кое претставува преглед на вечерашниот меч на нашата репрезентација, и кое се наоѓа на официјалниот Youtube канал на ФИБА ЕВРОПА, е еклакантен пример како вистината е болна. Имено, на самиот крај на видеово, воопшто го нема нашиот спорен последен напад, туку истиот е безобразно премонтиран, па од последните поени на Rice, „монтажерот“ го продолжил со непостоечкиот аут на Црногорците!
Како додаток на нивната брука, единствен видео материјал на кој не е дозволено коментирање е токму овој. Сите прегледи на останатите натпревари , нормално, оставаат вклучена опција за коментирање од страна на корисниците.
Следува, срамното видео на ФИБА Европа