(ОБНОВЕНО)СКАНДАЛ: Youtube каналот на ФИБА Европа не дозволува коментари, ниту официјалните сајтови известуваат за жалбата и одлуката!!!

Ниту ФИБА Европа нема сила да ја корегира својата грешка, но затоа пак се нижат нивните „лични“ во однос на Македонија

Последните информации велат дека нашата жалба сепак е одбиена, иако ниту на официјалната страна на ФИБА Европа ( http://www.fibaeurope.com/default.asp ), ниту пак на официјалниот сајт на европското првенство ( http://www.eurobasket2013.org/en/ ) нема ниту збор за жалбата на Македонија, а уште помалку ОФИЦИЈАЛНА информација за одлуката на Жалбената Комисија!
Кога во еден систем/институција е дозволено да постои „правниот“ лек жалба, нормално е да се постапува по истата, што очигледно не е случај со ФИБА Европа. Комисијата наводно изјавила дека „според Правилата на ФИБА Европа, снимка не може да се прегледува за да се промени конечен резултат на еден натпревар". Се поставува прашање, ако не може да се прегледа видео снимка за да се утврди фактичка ситуација и повреда на правилата на кошарката на еден страшно значаен натпревар, на едно ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО...зошто воопшто постои можност за жалба?
На официјалниот сајт на ФИБА Европа, во делот за податоците за самата организација, видливо е дека постои Жалбена комисија составена од Претседател, Заменик Претседател и Членови, меѓу кои и еден Македонец - Ѓорги Пиперков (http://www.fibaeurope.com/cid_CFWPlnAzGPMM8,JBfH6wR2.html) која самата си ги пропишала принципите на својата работа, и која би требала да решава по жалбите.
Колку за споредба, КАКО треба и КАКО функционира една сериозна европска куќа на еден спорт, во овој случај УЕФА.
Долниот линк е едно известување на дисциплинкста комисија на УЕФА, кое содржи комплетни податоци и критериуми за решавање на проблем како и конечна одлука.
http://www.uefa.com/uefa/disciplinary/news/newsid=1967131.html

Долното видео кое претставува преглед на вечерашниот меч на нашата репрезентација, и кое се наоѓа на официјалниот Youtube канал на ФИБА ЕВРОПА, е еклакантен пример како вистината е болна. Имено, на самиот крај на видеово, воопшто го нема нашиот спорен последен напад, туку истиот е безобразно премонтиран, па од последните поени на Rice, „монтажерот“ го продолжил со непостоечкиот аут на Црногорците!
Како додаток на нивната брука, единствен видео материјал на кој не е дозволено коментирање е токму овој. Сите прегледи на останатите натпревари , нормално, оставаат вклучена опција за коментирање од страна на корисниците.


Следува, срамното видео на ФИБА Европа

Приведени крадци во Скопје

На подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Во кочанскиот регион пријавени уште 164 лица кои ќе гласаат во домашни услови

Во четирите општини од кочанскиот регион се пријавиле уште 164 болни и изнемоштени граѓани кои побарале своето гласачко право да го остварат во домашни услови.

Тоа е зголемување од над 40 отсто во споредба со пријавените за првиот круг на претседателските избори, односно вкупниот број сега изнесува 436 лица.

Најголем број пријави биле доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, но по разгледувањето на документацијата дел од нив биле одбиени.

- Во законскиот рок ни беа доставени уште 87 пријави, но комисијата утврди дека 11 од нив не ги исполнуваат условите. Кај една пријава е констатирано дека лицето не е запишано во избирачкиот список, за што има поднесено приговор, и ако добиеме позитивен одговор тоа ќе може да го оствари правото да гласа. Заедно со пријавените од првиот круг на претседателските избори, на територијата на општина Кочани има вкупно 245 болни и изнемоштени кои ќе гласаат во домашни услови, истакна Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија – Кочани.

До Општинската изборна комисија во Виница се доставени уште 38 пријави и сите се прифатени, со што вкупно 99 лица ќе гласат во домашни услови.

Во процентуален износ најголем број новопријавени лица во однос на гласањето од пред две недели има во општина Зрновци. Порастот е за двојно поголем, односно ќе гласаат вкупно 22 болни и изнемоштени.

Во Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево добиле уште 39 пријави и вкупниот број сега изнесува 69 лица, за кои е констатирано дека ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

притисни ентер