Ријана бара помош од видовити!

Ријана постојано е со гледачка која и ја претскажува судбината. Исцрпена е и осамена и се плаши дека нема повеќе да биде славна - велат извори за таблоидите.

Ријана станала толку зависна од видовитата жена што само таа и нејзината мајка го имаат нејзиниот приватен број.

Извори за таблоидите тврдат дека пејачката од Барбадос се плаши дека ќе ја изгуби наклонетоста од своите фанови.

Посебен проблем претставува ова за нејзиното обезбедување, бидејќи таа секогаш успева да најде начин по неколку часа да им се изгуби со жената која и ја предвидува судбината!
притисни ентер