Трибина за граѓанските иницијативи

Во органиција на еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес денеска се одржа јавна трибина насловена „Граѓанските иницијативи-фиктивност или реалност“.

На трибината претставници на невладините организации АМАН, Полио ПЛУС и „Вила Зора“ изнесоа свои искуства и ставови поврзани со граѓанските иницијативи.

Претседателот на „Вила Зора“ Ненад Коциќ посочи искуства за нивната иницијатива за дополнување на Законот за животна средина.

Тој побара од институциите да ги толкуваат законите онака како што се напишани.

Според него, треба да се почитуваат правата на граѓаните и да се овозможи примена на законите.

Царовска во Кисела Вода: На 15 јули да гласаме за повисоки плати

Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска вечерва на трибина на Кисела Вода ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат за бројот 3. 

"На 15 јули ве повикувам да гласаме за повисоки плати, повисоки пензии за повеќе градинки. Ветивме дека ќе вложуваме во децата и најсиромашните и го направивме тоа. Го подигнавме стандардот. Стечајните работници коишто со години талкаа по улиците се обезбедени до пензионирање со месечен надоместок. Не ги заборавивме и повозрасните. Не калкулираме и не манипулираме со пензионерите. 324 илјади пензионери добија повисоки пензии за 722 денари.

Во Кисела Вода заедно со градоначалникот инвестиравме во нова детска градинка. За две и пол години изградивме, инвестиравме, реновиравме 44 градинки во цела држава од кои 16 се во Скопје. Продолжуваме да вложуваме во детскиот развој, затоа што оваа инвестиција е највредната и најзначајна за иднината на нашата држава", рече Царовска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Заев од Кисела Вода: На 15 јули избираме напредокот да продолжи уште повеќе

Претседателот Зоран Заев денеска заедно со носителите во изборната единица 1 Никола Димитров и Мила Царовска учествуваше на граѓанска трибина со граѓаните на општина Кисела Вода.

Пред присутните тој порача дека на 15 јули не очекуваат важни избори на кои ќе треба да го потврдиме напредокот, за државата да продолжи по исправниот пат.

- Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место со заокружување на бројот три. Во моментов нема подобра и посигурна опација од СДСМ и Коалицијата „Можеме". Доказ за тоа е фактот што за три години направивме многу и на домашен економски, но и на надворешен план. Затоа денеска со чист образ ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден, нов и чист мандат, за да ги продолжиме добрите политики, за да продолжи напредокот уште повеќе, порача претседателот Заев, додавајќи дека гласањето на 15 јули ќе биде безбедно по здравјето на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

„Само Вистина" со Игор Јанушев

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше Игор Јанушев.

Какво редефинирање на државата, што останува да се редефинира, дали некому му е скратено некое право, праша Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не потклекнува на уцени, ако ДУИ сака да биде дел од Владата ќе треба да се врати чекор назад од своите барања, рече Јанушев.

Заев е во состојба ако може и марсовец да земе само да остане на власт. Промена на химна, на грб на знаме нема да се случи дури и Хичкок да го режира тој научно-фантастичен филм, рече Јанушев.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

притисни ентер