Трибина за граѓанските иницијативи

Во органиција на еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес денеска се одржа јавна трибина насловена „Граѓанските иницијативи-фиктивност или реалност“.

На трибината претставници на невладините организации АМАН, Полио ПЛУС и „Вила Зора“ изнесоа свои искуства и ставови поврзани со граѓанските иницијативи.

Претседателот на „Вила Зора“ Ненад Коциќ посочи искуства за нивната иницијатива за дополнување на Законот за животна средина.

Тој побара од институциите да ги толкуваат законите онака како што се напишани.

Според него, треба да се почитуваат правата на граѓаните и да се овозможи примена на законите.
притисни ентер