Едицијата „Нобеловци“ заокружена со 20 нови наслови

Делата на 20 нобеловци, меѓу кои Киплинг, Рејмонд, Стајнбек, Солженицин, Памук, Бекет, Милош, беа промовирани денеска и со нив се заокружува едицијата „Превод на дела од добитници на Нобелова награда за литература“ која Владата на РМ и Министерството за култура ја спроведуваше од 2009 година.

Како што јави МИА, едицијата содржи 146 наслови на сите добитници на престижната книжевна награда - од 1901 и првиот добитник, францускиот писател Сили Придом, до минатогодишниот - Мо Јен од Кина. Од некои автори се објавени и по две дела, така што има триесетина книги повеќе од бројот на лауреати. Едицијата ќе се збогатува секоја година со идните добитници на наградата.

Во капиталните книжевни проекти што ги реализира Владата преку Министерството за култура се и „130 тома македонска книжевност“, кој е преведен и на англиски јазик и во голем број доставен во многу библиотеки во светот. Покрај нобеловците, од странската литература во тек е и обемниот проект - „Ѕвезди на светската книжевност“ кој опфаќа 560 наслови од сите жанрови, а е најавен и нов - „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психонализа“, кој ќе има 386 наслови.

На завршната промоција, која беше во знакот на затворањето на 25. Саем на книгата, премиерот Никола Груевски ги посочи овие проекти од областа на литературата, како и големиот проект за превод на 1.000 стручни книги од кои се учи на врвните универзитети, кој е речиси 80 отсто завршен.

- Знам дека овие книги ќе задоволат потреби на многу почитувачи на убавиот збор, но во исто време знам дека потрагата по добра книга никогаш не запира и нема граници. Затоа, Владата ќе продолжи да инвестира во освежување на македонското книжевно богатство со добри книги, врвни дела и со стручна литература од целиот свет, рече Груевски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека македонската култура со проектот „Нобеловци“ го збогатила својот трезор со ремек-делата на авторите кои ја обележаа книжевната историја во над еден век.

- Тие ги трасираа развојните процеси на сите литератури, а македонските читатели добија можност да уживаат во содржините кои се одраз на најдобрите книжевни традиции на европската и светската цивилизација, рече министерката за култура. Нагласи и уште една придобивка на проектот - со него е потврдена животворноста на македонскиот јазик и ги афирмира неговите изразни капацитети за артикулирање и на најсложените нијанси на мислата и значењата, како што рече, од густите семантички слоеви на изворните дела.

Академик Влада Урошевиќ зборуваше за значењето на Нобеловата награда и оттаму, смета тој, едицијата што на едно место ги обединува сите досегашни наградени дела, некои и првпат преведени на македонски јазик, е сериозен и амбициозен проект. Истакна дека листата на нобеловци е синтеза на достигнувањата во европската и светската литература и показател за вкусовите на литературната критика во повеќе од 100 години. Иако геополитиката игра улога во доделувањето на наградата и според статистиката таа е редовно загарантирана за некои земји, сепак, рече Урошевиќ, шестчлениот комитет од Стокхолм не направил промашување за сите 112 добитници.

- Поголем дел од нив со право стојат на врвот на плејадата творци чии дела се скапоцени камења во светската литература, рече Урошевиќ. Сигурен е дека на листата нобеловци еден ден ќе биде и име на македонски писател. „Бидете упорни“ - бил советот што пред неколку години му го дал член на одборот на Шведската академија за литература.

Проектот во изминатите четири години се спроведуваше во кооординација со Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Нејзиниот директор Миле Бошески посочи на значењето на обемна едиција што опфаќа дела создавани во 19-ти, 20-ти и 21 век и, како и останатите промотори, ја подвлече важноста на ваков проект за развивањето на македонскиот литературен јазик. Како и за други национални јазици и книжевности, ваков проект, рече Бошески, за македонскиот јазик е предизвик за одмерување на неговите објективни дострели наспроти светски признатите книжевни вредности.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер